Можеби очите се прозорец на душата, но насмевката е рефлексија на она што се крие во срцето. Дозволете ѝ на радоста да се покаже на вашите усни и со искрена насмевка заразете го секој што ќе го сретнете. Денес се одбележува Светскиот ден на насмевката со пораката: „Направете добро дело. Помогнете ѝ на една личност да се насмее“.

Создаден во 1999 година по иницијатива на креаторот на „smiley“, Харви Бол, Светскиот ден на насмевката се одбележува секој прв петок од месец октомври. Зад неофицијалниот празник се крие идејата да не забораваме да се смееме, но и да не заборавиме колку е важно да мамиме насмевки.
Докажано е дека насмевката е заразна, па насмевнете се и пренесете им го чувството на среќа на луѓето околу вас. И запомнете, среќата никогаш не се намалува поради тоа што е споделена.

Насмевнете се и целиот свет ќе се смее со вас!