Почетна » Новости » Занимливости » Слики од талентирано 3-годишно немо девојче со аутизам

Слики од талентирано 3-годишно немо девојче со аутизам

Ајрис Грејс Хелмшоу е немо девојче со аутизам кое зборува преку своите слики. Нејзините колоритни слики веќе привлекуваат многу купувачи од целиот свет. Едно од делата на малата Ајрис достигна цена од нешто помалку од 1.000 евра.

Ајрис Грејс Слики од Ајрис Грејс

Мајката на Ајрис, Арабела Картер-Џонсон, објавила неколку копии од сликите на својата ќерка на Facebook и веднаш привлекла многу позитивни коментари од заинтересирани купувачи.

„Сакам да верувам дека сторијата за Ајрис Грејс може да биде инспирација за секој родител со дете со аутизам. Таа блеска од возбуда и радост кога ги вадам боите за цртање“ – изјавила мајката.

Слики од Ајрис Грејс Слики од Ајрис Грејс Слики од Ајрис Грејс

Ајрис започнала да слика како дел од терапија. „Со помош на многу терапевти таа се промени драстично за кратко време. Порано беше преокупирана со книги, одржувањето контакт со очите беше ретко случување, не сакаше или не знаеше како да си игра со нас и очајно се вознемируваше кога ќе ја однесевме во близина на деца. Сега „јава“ на мојот грб додека се смее, си игра и комуницира со нејзини знаци. Сè уште имаме долг пат пред нас за подобрување на друштвените вештини и говорот, но сега имаме многу повеќе добри денови“ – објаснила Арабела.

Слики од Ајрис Грејс

„Кога таа започна со терапија со сликање, ние мислевме дека е неверојатно, меѓутоа ние сме нејзини родители, па сè што ќе направи таа сметаме дека е неверојатно. Но, многу луѓе започнаа да велат дека нејзината работа е одлична“ – изјавил таткото на Ајрис.

Ајрис Грејс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.