Почетна » Новости » Занимливости » Слика од Бенкси се самоуништи откако беше продадена на аукција за 1,3 милиони долари

Слика од Бенкси се самоуништи откако беше продадена на аукција за 1,3 милиони долари

Мистериозниот уметник Бенкси повторно го привлече вниманието на светската јавност. Откако негово дело беше продадено на аукција за 1,35 милиони долари, тоа се самоуништи пред присутните.

Бенкси Бенкси

Неколку секунди откако сликата „Девојче со балон“ беше продадена на аукцијата за уметнички дела во „Sotheby“ Лондон, таа излезе од рамката исечена на парчиња.

Бенкси Бенкси

Вчера, Бенкси објави видео на интернет во кое објаснува како тајно поставил механизам за сечење кога го создавал делото во 2006 година.

„Пред неколку години, тајно поставив уништувач на хартија во слика за во случај таа некогаш да биде понудена на аукција“ – напиша тој пред кадарот во кој тој го поставува механизмот во рамката од сликата.

Видео

View this post on Instagram

Going, going, gone...

A post shared by Banksy (@banksy) on

„Девојче со балон“ е копија на еден од најпознатите графити на Бенкси и ја прикажува кризата во Сирија преку девојче кое посегнува по балон, што се смета дека симболизира надеж.

Бенкси Бенкси

Многумина сметаат дека шегата не ја намалила вредноста на делото, туку дека тоа станало уште поскапоцено и со историско значење.

„Сметам дека ќе биде историско и дека луѓето ќе зборуваат за него долго време“ – рекол еден од уметниците присутни на аукцијата. Тој додал и дека го познава Бенкси и дека наводно тој бил во просторијата каде се одржувала аукцијата.

Мистериозниот уметник Бенкси е познат по своите сатирични улични графити на различни локации низ светот. Тој не продава свои дела на аукции. Идентитетот на Бенкси останува неоткриен.

Бенкси Бенкси Бенкси Бенкси Бенкси

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.