Се вели дека врската татко-ќерка е специјална, а овие фотографии ќе ви покажат дека тоа е точно.
Татко со голема смисла за хумор стана Instagram ѕвезда благодарение на хумористичните фотографии со малата ќеркичка. Шолом Соломон се прослави уште минатата година кога создаде фотосеријал со 9-месечната Зои.
Оттогаш тој постојано ги споделува заедничките авантури на социјалната мрежа и на тој начин го документира нејзиното растење. Зои за неколку дена ќе наполни 2 години.







И пред да стане татко, Шолом создавал слични фотографии, но тврди дека оние со ќеркичката се далеку позабавни и послатки.
„Таа дефинитивно ги прави сите фотографии многу послатки и без неа јас сум само дебелиот буцкаст тип кој сака да прави будалести фотографии. Идеите за нашата следна авантура се бескрајни“ – рекол Соломон.

















