Неодоливиот Лукас е првото бебе со Даунов синдром кое е наречено „Гербер бебе“.

Лукас бил избран преку фото-натпревар. Широката насмевка на Лукас ги освоила претставниците на компанијата и неговата фотографија била селектирана како победничка меѓу 140.000 фотографии објавени од родители.

Мајката на Лукас со гордост изјавила: „Се надеваме дека оваа можност ќе го сврти вниманието кон заедницата на лица со посебни потреби и ќе ги едуцира луѓето дека со прифаќање и поддршка, индивидуите со посебни потреби имаат потенцијал да го променат светот – токму како нашиот Лукас.“
Изборот на новото заштитно лице за 2018 година беше поздравен од сите страни на светот и непрекинато пристигнуваат позитивни коментари на адреса на компанијата.
Логото на Гебер е од 1928 година, кога од компанијата организирале натпревар со портрети од бебиња. Победничкиот цртеж до ден-денес е синоним на брендот.
