Нема ништо послатко и понеодоливо од заспани новороденчиња, бебиња кои тукушто дошле на овој свет за да мамат разнежени насмевки и да шират спокојство.
Алиша Гоулд има создадено цела колекција од прекрасни фотографии со мали бебиња во првите недели од животот. 32-годишната фотографка основала своја фирма по смртта на татко си, затоа што се опседнала со „фаќањето“ на спомените и нивното замрзнување во времето.
„Сакам мајката да ги гледа тие фотографии по 10 години и да ја види таа огромна љубов која ја имала за своето ново бебе, начинот на којшто се смеело, колку мали му биле прстите на рацете и нозете“ – изјавила Алиша и објаснила дека ѝ се неопходни три часа за секоја фотосесија со малите и кревки бебиња.
Намалете си го стресот во животот, гледајќи ги слатките фотографиии.



























