Почетна » Новости » Занимливости » Сладок бушавко: Мало детенце од Србија со нескротлива руса коса освојува срца

Сладок бушавко: Мало детенце од Србија со нескротлива руса коса освојува срца

Лав Јанковиќ е мало момче од Крагуевац кое ќе ве освои со својата специфична природна фризура.

Малиот бушавко има нескротливата руса коса, предизвикана од синдром на коса која не се чешла (uncombable hair syndrome).

Поради впечатливиот изглед, слаткото детенце привлекува внимание каде и да го однесат неговите родители.

Мајката на Лав, Ивана Јанковиќ, сподели дека неговата коса е сува, речиси водоотпорна и дека не користат чешел.

„Косата има посебна текстура, сува е и може да се каже дека е малку водоотпорна. Ние ја миеме, но џабе. Кога ќе поминете со прстите низ неа, таа и понатаму е сува“ – вели мајката на момчето, која открива дека користат шампон со кератин на препорака на дерматолог.

„Лав до шестиот месец имаше многу малку коса која тогаш почна да му расте, нас во тоа време не ни беше необична, но другите веќе коментираа за неговата коса. Коментарите се навистина прекрасни, нема личност која не застанува кога ќе нè сретне, за одушевено да му зборне на Лав. Со својата појава дефинитивно им го разубавува денот“ – изјавила мајката за српскиот сајт Zena.blic.rs.

Ова е редок синдром и има само 100-тина случаи во светот.

Видео:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11201 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.