Млада девојка изгуби 40 килограми и нејзината инспиративна трансформација стана интернет хит.
26-годишната Аманда го документирала своето големо слабеење преку фотографии уште од 2011 година. Нејзината галерија, која досега има 3 милиони прегледувања онлајн, поттикнала корисник на социјалната мрежа Reddit да направи „тајм-лапс“ GIF, кој во 5 секунди го покажува постепеното подобрување на нејзината фигура.

GIF-от веднаш привлекол огромно внимание. Аманда објаснила дека ослабела благодарение на диета со многу протеини, контролирање на порциите и умерено вежбање. За една година таа стопила 40 од своите 100 килограми.
Трансформацијата на Аманда го покажува намалувањето на килограмите, но и зголемувањето на нејзината самодоверба.