Почетна » Новости » Занимливости » Скопје Сити Мол: Гифт картичка со која подарувате избор

Скопје Сити Мол: Гифт картичка со која подарувате избор

Скопје Сити Мол во соработка со Комерцијална банка АД Скопје подготвија одлично изненадување за сите кои сакаат на едноставен и оригинален начин да ги израдуваат најблиските.

Новата гифт картичка или вредносна картичка за подарок на Скопје Сити Мол и Комерцијална банка е првата картичка од ваков вид кај нас. Картичката е наменета за купување исклучиво во трговскиот центар Скопје Сити Мол само на соодветно означени продажни места. За почеток, воведени се 3 вида на вредносни картички – со износи од 1.000, 3.000 и 5.000 денари. Истите се за повеќекратна употреба и имаат важност до 6 месеци од моментот на нивно активирање. Картичката е достапна во сите експозитури на Комерцијална банка АД Скопје во Република Македонија.

Гифт картички

Со купување на вредносната картичка, на оние за кои е намената им се овозможува слобода на избор, лесна и едноставна повеќенаменска употреба и е многу посигурна од готовината. Износот може да се троши повеќекратно, а сопственикот може да ја провери состојбата на својата картичка во кое било време преку интернет-сајтот на Комерцијална банка АД Скопје, како и на шалтерите на Банката.

Со едноставното купување на картичката, го избегнувате моментот на бесцелно талкање по продавници во потрага по совршен подарок. Таа е идеален подарок наменет за секого и за секоја пригода, особено како новогодишен подарок, подарок за роденден, свадба, деловно внимание, но и одличен начин за изненадување без посебен повод.

Вредносната картичка за подарок претставува ограничен паричен еквивалент, кој Банката го издава како алтернатива на директен паричен подарок, употреблив исклучиво во продавниците во Скопје Сити Мол. Ваквиот вид на картичка е пракса во сите поголеми трговски центри во светот, а сега, за прв пат кај нас, на граѓаните ќе им биде достапна пред новогодишните празници, благодарение на Скопје Сити Мол и Комерцијална банка АД Скопје.

Повеќе информации околу картичката, граѓаните може да побараат на веб страните на Скопје Сити Мол и Комерцијална банка АД Скопје или може директно да се обратат во експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје низ земјата.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9507 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.