Почетна » Новости » Занимливости » Скопје Сити Мол бара стилист за Сити Мол магазинот

Скопје Сити Мол бара стилист за Сити Мол магазинот

Храмот на шопингот го активира својот моден перископ и е во потрага по стилист што ќе асистира во креирање на модните едиторијали во зимското издание на Сити Мол магазинот

Најавангардното и највозбудливо модно жариште Скопје Сити Мол овозможува нов моден предизвик за сите со изострено чувство за мода и за оние што допрва сакаат да се изразат и да инспирираат други, креирајќи свои модни визии. „Сврти нов лист и стани стилист“ е уникатен моден предизвик во кој сите вљубеници во модата ќе успеат да се изразат себеси на креативен и на оригинален начин.

Модните познавачи; Драган Христов - моден дизајнер, Катерина Трајановска - моден новинар и стилист и Ана Несторовска - моден новинар и моден консултант изработија три целосни модни комбинации на кои им недостига само едно парче. На ФБ фан страната на Скопје сити мол сите што сакаат да учествуваат во овој моден предизвик ќе можат да ја надополнат соодветната комбинација со свој предлог и да ја збогатат со она со што тие сметаат дека ќе ја направи уникатна, впечатлива и комплетна.

Модните стилисти ќе одберат три девојки или момчиња чиј предлог го сметаат за оригинален придонес кон нивната комбинација, по што одбраните тројца ќе добијат можност и самите да создадат своја комплетна модна комбинација што ќе биде изложена на кукла во Скопје сити мол.

Скопје Сити Мол стилист

„Модата е одличен начин да го изразите своето расположение, а само едно вистинско парче облека може да го смени целокупното чувство и комплетниот моден израз во даден момент. Само едно вистинско парче облека може да ви донесе чувство на возбуда, среќа, восхит и да ви ја унапреди довербата што ја носите во текот на денот. На овие тмурни есенски денови им недостига малку возбуда во модата, мал поттик и инспирација и затоа ги поканувам сите момци и девојки да ја погледнат и да ја наподолнат мојата модна комбинација на ФБ фан страна на Скопје сити мол со она што сметаат дека й недостига, чанта или шал, шапка или што било друго што сметаат дека ќе го збогати и ќе му даде уникатен печат на овој моден израз“ - изјави Ана Несторовска, моден консултант и моден новинар.

Сите посетители ќе имаат можност да гласаат за комбинацијата што најмногу им се допаѓа на ФБ Фан страната на Скопје Сити Мол, а Casual Stylist-ите ги чекаат волшебни награди.

Скопје Сити Мол стилист

Скопје сити мол ги поддржува сите девојки и момчиња да учествуваат во овој моден предизвик, да го направат својот прв исчекор кон модата и да станат стилисти на модните едиторијали во зимското издание на Сити Мол магазинот. А за сите останати што сакаат да уживаат во огромен избор на впечатливи модни комбинации, весели и стилски функционални парчиња облека во склад со модните диктати Скопје сити мол овозможува модни искуства со широкиот спектар на актуелни, забавни, естетски возбудливи примероци и други модни содржини.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11088 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.