Почетна » Новости » Занимливости » Скопје го доби најголемиот Рамстор супермаркет

Скопје го доби најголемиот Рамстор супермаркет

Како резултат на инвестицискиот раст на Рамстор супермаркетите, денес, во рамките на Скопје Сити Мол, се отвори до сега најголемиот маркет од овој бренд. На 3.500 m2 продажна површина новиот простор ќе ги понуди сите неопходни содржини за да ги задоволи критериумите на реномиран високоснабден супермаркет.

На денешното свечено отворање беа присутни: турскиот амабасадор Омур Шолендил, Британскиот Амбасадор Чарлс Гарет, Министерот без ресор Фуркан Чако, Почесниот Конзул на Р.Турција во Битола Ајдоган Адемовски, Топ Менаџментот на Мигрос Турција, претставници на странски инвестиции кои заеднички ја пресекоа лентата и им посакаа добредојде на бројните посетители отпочнувајќи ја новата Рамстор приказна.

Отворањето на Рамстор маркет

„Отворањето на маркетот Рамстор-Сити Мол претставува одговор на барањата на нашите ценети потрошувачи во Македонија кои се лојални на Рамстор благодарение на нашиот висок квалитет, модерното работење кое ги следи светските трендови и беспрекорната услуга на нашите вработени што не прави поразлични од другите.

Новиот маркет е наша најголема инвестиција по отворањето на трговскиот центар во 2005 година и со површина од 3.500 м2 претставува најголемиот маркет на Рамстор во Македонија. Со оваа инвестиција ќе се отворат 82 директни и дополнително 20 индиректни работни места, односно ќе бидат вработени над 100 лица. Среќни и горди сме што ќе го реализираме најголемиот проект за вработување за 2016 година во Република Македонија.

Како резултат на успешното и квалитетно работење во малопродажниот сектор во Македонија во последните 11 години денес Рамстор, во насока на својата мисија и визија ги услужува своите клиенти во 6 различни градови, со 21 маркет на вкупна површина од 19.829 m2 и преку своите 600 вработени ги задоволува потребите на 6,5 милиони задоволни муштерии.

Гордоста да се биде една од најсилните врски помеѓу двете пријателски и братски држави Република Македонија и Република Турција и радоста за докажаната доверба и квалитет пред клиентите кои бројат милиони, не поттикнува во наредниот период да работиме со истата посветеност и одлучност со цел да дадеме придонес кон економијата на државата и воедно со нашата квалитетна услуга да предизвикаме насмевки на лицата на нашите клиенти“ – изјави Ајхан Узун, Генерален Директор на Рамсторе Македонија.

Отворањето на Рамстор маркет Отворањето на Рамстор маркет Отворањето на Рамстор маркет

Новиот маркет ќе содржи широка палета од 30.000 производи од различни трговски групи, па потрошувачите ќе можат да се снабдат со секогаш свежото овошје и зеленчук сместени во посебен корнер, понатаму тука е оделот за свежо месо и риба како, пекара и оддел за готвена храна. Содржините на овој маркет ќе бидат збогатени и со продажбата на бела техника од реномирана трговската марка и место каде посетителите ќе можат да седнат и да одморат во кафе барот „Рам кафе“.

Отворањето на Рамстор маркет Отворањето на Рамстор маркет Отворањето на Рамстор маркет

На настанот најмладите посетителите уживаа во програмата наменета токму за нив со многу слатки изненадувања, забавен кловн и боење на нивните лица. Оние кои го пропуштија свеченото отворање можат да го посетат новиот Рамстор во следните два дена и тоа: петок со почеток во 17:30 часот и сабота со почеток во 13:00 часот и уште еднаш заеднички да го прослават отворањето. Од Рамстор исто така најавуваат голем број на промотивни акции на производите кои се дел од богатиот асортиман на маркетот.

Од сега прошетките низ трговскиот центар Сити Мол ќе бидат совршено надополнети со супермаркет како што му прилега, а граѓаните ќе можат да ги обавуваат секојдневните потреби за домаќинството на едноставен и забавен начин.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11465 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.