Почетна » Новости » Занимливости » „Сите имаме некаков товар“: Учителка им одржа важна животна лекција на своите ученици

„Сите имаме некаков товар“: Учителка им одржа важна животна лекција на своите ученици

Учителка им одржа важна лекција на учениците, учејќи ги на разбирање, поддршка и прифаќање.

Карен Вундерлих не очекувала дека ќе има толку емотивен ден кога ги замолила децата од нејзиниот клас анонимно да напишат на лист хартија што е она што им тежи на срцето или ги повредува. Одговорите ја расплакале и неа и децата од нејзиното одделение.

Со ваквата постапка, Карен смета дека покажала дека секој од нас носи свој товар и дека никој не треба да биде осудуван.

Учителка

Започнува 22-рата година во која предавам во основно училиште. Вчера, веројатно беше еден од најмоќните денови кои некогаш сум ги имала.

Пробавме нова активност наречена „Активност: Товар“. Ги прашав децата што значи за нив да имаш товар и најголем дел од нив одговорија дека тоа се болни нешта кои ги носиш на твоите рамена.

Побарав од нив да запишат на ливче хартија што е она што ги мачи, што е она што им тежи на срцето, што е она што ги повредува итн. Немаше имиња на листовите. Тие ги туткаа листовите во топка и ги фрлаа низ училницата.

Потоа, избираа парче хартија и се менуваа за да го прочитаат наглас она што го напишал нивниот соученик. Откако ученикот ќе дочиташе, ќе прашав кој го напишал ова и дали сака да сподели нешто.

Никогаш во животот не сум плачела толку многу како кога овие деца се отворија и го споделуваа она што го имаа со класот.

Нешта како самоубиство, родители во затвор, дрога во семејството, напуштање од родителите, смрт, рак, губење на миленици (еден ученик рече дека му умрел глушецот поради дебелина, ние се смеевме) и така натаму и така натаму.

Децата кои читаа плачеа, бидејќи она што го читаа беше навистина тешко. И личноста која го напишала (ако одлучеше да се открие) понекогаш плачеше. Беше емотивен ден за сите, но цврсто сум убедена дека моите деца ќе си судат малку помалку и ќе си опростуваат малку побрзо.

Оваа кеса виси на мојата врата за да ги потсетува дека сите имаме товар. Ќе ја оставиме на вратата. Додека си заминуваа, им кажував дека не се сами, дека се сакани и дека си го чуваме грбот едни со други.

Почестена сум што им сум учителка.

Учителка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.