Почетна » Новости » Занимливости » Систина Офталмологија вложува во едукација и подигање на свеста за здравјето на очите

Систина Офталмологија вложува во едукација и подигање на свеста за здравјето на очите

Голем број на офталмолози од Македонија и Косово присуствуваа на стручното предавање „Последните искуства во рефрактивната и витреоретиналната хирургија” “ кој се одржа во саботата (25.03.2017) во амфитеатарот на клиниката „Аџибадем Систина” во Скопје.

Стручно предавање во Систина

Овој настан организиран од „Систина Офталмологија” која е дел од групацијата „Свјетлост” од Загреб беше акредитиран од Лекарската Комора на Македонија, а предавачите од овие две клиники преку видео презентации ги пренесоа своите најнови искуства со современиот пристап во третирањето на очните болести на пациентите во рефракривната и катарактната хирургија.

Стручно предавање во Систина

„Систина Oфталмологија” која е дел од групацијата на хрватската очна клиника „Свјетлост”, инвестира финансиски и човечки ресурси во зголемување на свесноста и информираноста за новите можности на превенција и лекување на очните болести и токму затоа организира вакви стручни средби.

Стручно предавање во Систина Стручно предавање во Систина

Оваа клиника инвестира и во знаење, така што, е единствената очна клиника во Македонија која му овозможува на секој специјализант кој е мотивиран и амбициозен, да специјализира на универзитетските клиники во странство. Досега специјализанти од Систина Офталмологија имаа прилика да специјализираат во Свјетлост во Загреб.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11211 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.