Почетна » Новости » Занимливости » Семејството Иванови на Бадник топло ги пречекаа дечињата од бадниковите поворки во својот дом

Семејството Иванови на Бадник топло ги пречекаа дечињата од бадниковите поворки во својот дом

На Бадник, во домот на семејството Иванови владееше весела празнична атмосфера.

Претседателот Ѓорге Иванов заедно со првата дама Маја Иванова и нивниот син топло ги пречекаа дечињата од бадниковите поворки, кои пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ се упатија кон нивниот дом.

„На Бадник, во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, денеска домот на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го посетија децата од Центарот за едукација на македонски фолклор „МИТЕВИ“ од Скопје, кои ја донесоа Божиќната литија и со песната „Вечниот Бог" го најавија Христовото раѓање“ – стои на Facebook страницата на Претседателот.

Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови

„Една голема мудрост вели дека секој од нас има лице од кое што треба да дава насмевки. Има усна од која што треба да изговори добри зборови, да прави добри дела и очи да ги види добрите работи кај луѓето околу нас. Или, како што рекол Св. Климент, веќе не само за овие празници, туку и секој ден треба да шириме насмевки, да кажуваме добри зборови, да правиме добри дела. Да се натпреваруваме во добрина“ – истакна г-ѓа Иванова, која беше облечена во црно-црвена комбинација.

„Среќа, радост, песна, насмевки од нашите денешни гости, денешните бадникари, кои со песната „Вечниот бог“ ни го навестија Христовото раѓање, ни го навестија раѓањето на Богомладенецот“ – додаде таа.

Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови Бадник во домот на семејството Иванови

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.