Почетна » Новости » Занимливости » Секоја чест: Мајка му пишува мотивирачки пораки на моливите на синчето за да му ја зголеми самопочитта

Секоја чест: Мајка му пишува мотивирачки пораки на моливите на синчето за да му ја зголеми самопочитта

Учителка сподели приказна за мајка која на прекрасен начин му ја зголемува самопочитта и самодовербата на нејзиниот син, а нејзината објава стана вирален хит на социјалните мрежи.

Аманда Кокс сподели фотографија од моливите на нејзин ученик за да пренесе важна порака до родителите и просветните работници. На сите моливи е напишана по една мотивирачка порака, која има за цел да го охрабри малото момче додека е во школските клупи.

Кокс е категорична дека ова е прекрасен пример за добро воспитување и дека секој родител треба да пронајде начин за да му каже на неговото дете дека тоа вреди и дека е сакано.

Прочитајте го нејзиниот текст и извлечете поука од него:

Моливи

Денес немав доволно моливи, па ги замолив моите ученици да ги извадат од своите клупи сите мои моливи. Еден од учениците ме праша дали може да ги задржи моливите кои му ги дала неговата мајка за на училиште. Се разбира дека му реков „Да“. Потоа тој рече: „Ќе ви дадам неколку за да можат да ги имаат и моите соученици“. Не му обрнав посебно внимание на тоа што го рече и само ги зедов моливите што ми ги подаде. Додека ги режев, забележав текст на неколку од нив. Потоа сфатив дека мајката на мојот ученик одделила време за да напише нешто на неговите моливи. Го прашав дали ќе сака да ми ги покаже останатите моливи. Она што го прочитав ми го растопи срцето:

  • Многу си талентиран.
  • Ова ќе биде одлична година.
  • Ти си креативен.
  • Ти си феноменален.
  • Никогаш не се откажувај.
  • Го можеш ти ова.
  • Интелигентен си.
  • Полн си со знаење.
  • Секој ден се гордеам со тебе.
  • Те сакам.
  • Поседуваш брилијантен ум.
  • Неверојатен си.
  • Умееш да решаваш проблеми.
  • Следи ги твоите соништа.
  • Совршен си.
  • Се гордеам со тебе.
  • Ќе го промениш светот.
  • Прекрасен си.
  • Најдобар си.
  • Ти си важен.

Веројатно на неговата мајка ѝ требаа само неколку минути за да го направи ова, а сепак му го разубави целиот училиштен ден. Тој не се срамеше што неговата мајка го напиша ова на неговите моливи. Благодарение на неговата мајка, тој се потсети на својата самопочит и сакаше да сподели дел од своите чувства со соучениците. ОВА се работите на кои треба да ги потсетуваме нашите деца (и како родители и како учители).

Замислете го изразот на лицето на децата кога ќе бидат потсетени дека се важни, талентирани, сакани, интелигентни и многу повеќе. Помогнете им да разберат дека некој верува во нив и дека се гордее со тоа што тие го прават. Дури и ако сметате дека ова е претерано или дека немате доволно време или дека ќе имате мало влијание, запомнете дека можеби сте единствената личност што им ги кажува овие нешта, а СЕКОЕ дете треба да ја знае сопствената вредност. Поради тоа сум учителка.

Во коментарите многумина ја пофалија мајката и се согласија дека ова е прекрасен пример кој треба да се следи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12012 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.