Почетна » Новости » Занимливости » Секоја мајка го сака најдоброто за своето малечко: Кашички за среќен почеток

Секоја мајка го сака најдоброто за своето малечко: Кашички за среќен почеток

Мајчинството започнува со една универзална и суштинска цел – растење на здраво и среќно дете. Без исклучок, секој родител го посакува најдоброто за малото чедо и со секој атом од своето тело максимално се стреми да му подари најдобар почеток во животот.

Бебе

Обезбедувањето на хранливи оброци од првите моменти кога најмалите го осознаваат и вкусуваат светот е на врвот на приоритетите на грижливите мајки. Па, не е изненадување што сите се фокусирани на пронаоѓање на најдобрата дохрана на нивните бебиња.

Педијатрите се едногласни дека мајчиното млеко е незаменливо во првите месеци од животот и препорачуваат да се започне со дохрана откако бебето ќе наполни шест месеци. Се разбира, секогаш е добро вашето сакано да го храните со домашно приготвени кашички, но најквалитетна алтернатива за нив дава Лино.

Со Лино добивате здрав, избалансиран и квалитетен оброк, кој е готов за сервирање, за родителите да можат секој слободен миг да го исполнат со игра и релаксација со најмилите.

Новите производи на истакнатиот бренд ги придобиваат родителите кои се добро информирани, знаат точно што сакаат и не прават компромис кога станува збор за исхраната на нивните малечки. Всушност, се работи за функционална линија на производи – Лино овошни и овошно-житни кашички со гаранција за сигурност, идеален состав, хранливост и квалитет.

Овошните кашички Лино се резултат на преработка на најдоброто овошје, набрано во оптималниот степен на зрелост. Како производи кои се со висок удел на овошје и не содржат глутен, додадени засладувачи и шеќери, тие се совршени за почеток на дохраната и воведување на нови вкусови.

Бебе Бебе

Високонутритивните кашички доаѓаат со различни вкусови – банана, круша, јаболко, праска и кајсија, а тука се и совршените комбинации за почетните периоди – јаболко со банана, јаболко со круша и јаболко со слива.

Кашичката со јаболко и кекси во својот состав нема глутен и млеко, а лесно заситува и се вари, со што го стимулира развојот на бебињата.

Бебе

Кога малишаните се подготвени да истражуваат нови вкусови и текстури, тука е кашичката со овошје и ориз. Нежниот вкус на примамливата комбинација е едноставно неодолив.

Бебе

Последно, но не и помалку важно... Лино кашичките се практични, особено кога со вашето малечко го истражувате светот надвор од вашиот дом. 3-2-1 Добивате квалитетен оброк за секунди.

Недискутабилно е дека доењето е златен стандард за исхрана на доенчињата. Лино го поддржува доењето и по воведувањето на дохраната, која ги отвора пред вашето малечко вратите на еден нов свет на вкусови, мириси и текстури и му овозможува да ужива додека истовремено го снабдува својот организам со хранливи состојки неопходни за правилен развој.

Бебе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9501 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.