Почетна » Новости » Занимливости » „Секој живот е скапоцен“: Денес е Светскиот ден на менталното здравје

„Секој живот е скапоцен“: Денес е Светскиот ден на менталното здравје

Вие сте доволни. Вие сте сакани и вашиот живот вреди. Со што и да се соочувате во моментов, знајте дека не сте сами.

Денес се одбележува Светскиот ден на менталното здравје. Во 1992 година, на иницијатива на Светската федерација за ментално здравје беше избран 10 октомври како ден за глобална едукација за менталното здравје. Целта е да се подигне свеста кај луѓето за менталните болести и да се истакне дека тие се многу почести отколку што многумина од нас сметаат. Ајде сите заедно да ја разбиеме стигмата која постои околу менталните болести, бидејќи менталното здравје е исто толку важно колку и физичкото.

Ментално здравје

Пред Ковид пандемијата едно од осум лица на светско ниво се соочувало со некакво растројство. Менталното здравје е предизвик за сите социо-економски класи, а подеднакво се засегнати и жените и мажите. Според податокот на СЗО, 14% од адолесцентите (на возраст од 10-19 години) во светот пред пандемијата веќе живееле со нарушено ментално здравје.

Важно е да се спомене дека 80% од луѓето со ментални нарушувања живеат во земји со низок и средно низок приход, па поради тоа ретко кој од нив има достап до квалитетни услуги поврзани со менталното здравје. Здравствениот протокол за третирање и поддршка на психичката состојба на населението недостига или не е доволен во тие земји.

Овогодишното мото на Светската здравствена организација е: „Менталното здравје и благосостојбата за сите да се направи глобален приоритет“.

Ментално здравје

Според психолозите, причините за нарушување на менталното здравје се: социо-економската нееднаквост на луѓето, насилството, ненавремено дадена психолошка поддршка поради вонредната состојба во јавното здравство. Психолошката поддршка е потребна, некогаш дури и неопходна за благосостојба во текот на целиот животен век почнувајќи од бременоста, раѓањето, раното детство, раната тинејџерска возраст, полнолетството, па сè до зрелото доба.

Стигмата која е бетонирана во општеството кога станува збор за гласното говорење за нарушено ментално здравје, повеќе од потребно е да биде рушена, бидејќи секојдневно се зголемува бројот на луѓе кои посегнуваат по својот живот.

Мислата е налик на кормило од брод – од едно мало кормило од обично дрво, кое се влече по бродот, зависи движењето и судбината на целата таа огромна машинерија.

Превенцијата е најважна за човечкото здравје пред да настане какво било нарушување. Кога станува збор за превенирање на менталните болести, важно е да се знае дека:

  1. Физичката активност е неопходна за зачувување на менталното здравје. Секој од нас треба да најде начин за да го „испразни“ вишокот на енергија од телото. Без разлика дали ќе изберете пешачење, трчање, вежбање дома или во теретана, знајте дека таа активност треба да се вклопи во вашиот начин на живот со цел да стане траен дел од него. Секогаш кога ќе смислите некој изговор за да не вежбате, потсетете се дека активноста ќе придонесе да се чувствувате подобро.
  2. Ментално здравје
  3. Здравата исхрана ни го подобрува расположението, ни дава енергија и ни ги разбиструва мислите. Обидувајте се сами да ја подготвувате храната којашто ја консумирате и јадете редовно. Секојдневно имајте на менито сезонско овошје и зеленчук кои ја поттикнуват благосостојбата на целиот организам. Зголемете го внесот на храни богати со Омега-3 масни киселини, како лосос, јатки и семиња. На мозокот му требаат масни киселини за добро да работи.
  4. Дружењето со инспиративни и позитивни луѓе позитивно влијае на секој човек. Опкружете се со лица кои знаат да ве насмеат, кои ве поттикнуваат да бидете подобра личност и ве поддржуваат.
  5. Ментално здравје
  6. Понекогаш, „Не“ е магичен збор. Не мора да правите нешта кои не ви се од интерес само за да ги усреќите другите.
  7. Времето за себе подалеку од технологијата ги разбиструва мислите. Обидете се секој ден да си одвојувате време за себе кога ќе можете да си ги чуете мислите во главата. Медитирајте, визуализирајте ја вашата дестинација од соништата, пијте чај на терасата без титкањето на мобилните апликации, читајте книги со инспиративни мисли, пронајдете го вашето хоби...
  8. Помош не бараат само психички слабите луѓе, помош бара секој човек кој сака да најде решение за својата состојба и своите проблеми.
  9. Кажете ѝ збогум на монотонијата. И најмалите промени можат да направат чуда за нашето расположение.
  10. Денот поминат без насмевка е залудно потрошен ден. Секој ден, наоѓајте барем една причина за да се насмеете.
  11. Падовите и подемите во животот се дел од растењето на секој човек.
  12. Кога станува збор за менталното здравје најбитно е да живееме во склад со своите потреби, постојано да работиме на самоподобрување, да го сакаме човекот кој го гледаме спроти нас во рефлексијата на огледалото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.