Почетна » Новости » Занимливости » Секое дете заслужува да биде среќно: Хумана жена организира родендени за бездомни дечиња

Секое дете заслужува да биде среќно: Хумана жена организира родендени за бездомни дечиња

Шинел Лик како да поседува магично стапче со кое остварува роденденски желби на бездомни деца. Добродушната жена од Мериленд организира специјални родендени за деца кои со нивните семејства се останати на улица.

Креативната Американка основа добротворна организација за собирање на средства, храна и подароци, со цел да може да радува што повеќе бездомни дечиња. Таа докажува дека не е потребно цело богатство за да измамиш насмевка на лицата на најмалите.

Родендени на деца бездомници

„Кога едно семејство се бори да обезбеди кров над главата и храна, детскиот роденден најчесто е последното нешто на листата со приоритети – и честопати сосем недостижно. Па, ние им го обезбедуваме она во што уживаат сите други деца на нивните родендени“ – вели Шинел, која добива помош од волонтери при реализацијата на роденденските прослави.

Родендени на деца бездомници Родендени на деца бездомници Родендени на деца бездомници

„Тие деца се справуваат со срамот и недостигот на самодоверба кои доаѓаат со бездомништвото. Ние помагаме тие да се чувствуваат ценети и да им обезбедиме налку надеж и светлина“ – додава Лик, која досега има усреќено најмалку 400 дечиња.

Родендени на деца бездомници Родендени на деца бездомници Родендени на деца бездомници Родендени на деца бездомници

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.