Почетна » Новости » Занимливости » Секое дете заслужува да биде сакано, среќно и безгрижно! Денес е Светскиот ден на децата

Секое дете заслужува да биде сакано, среќно и безгрижно! Денес е Светскиот ден на децата

Децата се украс на светот. Нивната безусловна љубов е пример како сите треба да сакаме, нивната детска љубопитност нè учи дека светот крие бесконечно многу убавини, нивната насмевка може да го расположи секого, нивната игра има моќ да го згрее и најладното срце.

Децата растат брзо, ајде да растеме заедно со нив и сите заедно да се заложиме за создавање на подобар свет за секое дете. Денес се слави Светскиот ден на детето.

Дете Дете Дете

Овој важен ден, посветен на најмалите се слави од 1954 година, а датумот 20 ноември бил избран од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации. Празникот е создаден за да промовира еден вид на братство меѓу сите деца низ светот, градено врз разбирање и еднаквост. Втората цел е да се промовираат идеи и активности кои ќе ја зголемат благосостојбата на децата, особено во деловите погодени од сиромаштија, вооружени конфликти и дискриминација.

Датумот се совпаѓа со носењето на Декларацијата за правата на детето. Во Декларацијата се вели дека секое дете има право на живот, здравје, образование и игра, како и право на семеен живот, заштита од насилство и дискриминација и право на свое мислење.

Дете Дете Дете

Овој Ден на детето UNICEF повикува секој од нас да се „обои“ во сина боја и да се заложи за исполнување на правата на децата.

„Оваа година светот се обојува во сина боја во знак на поддршка на правата на детето. На Светскиот ден на децата, најмалите од сите земји во светот ќе го обојат светот во сина боја“ – велат од организацијата.

Многу знаменитости и објекти низ светот денес ќе светнат во сина боја.

Мили Боби Браун, Орландо Блум, Дуа Липа, Лијам Нисон... се ѕвездите од видеото на UNICEF снимено по повод овој ден.

Дете Дете Дете Дете

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.