Почетна » Новости » Занимливости » Светски ден против пушењето: Изгасете ги цигарите

Светски ден против пушењето: Изгасете ги цигарите

Денес се одбележува Светскиот ден против пушењето, со цел да се поттикне 24-часовно апстинирање од пушењето цигари. Главната идеја на кампањата на Светската здравствена организација е да се зголеми свеста на светската јавност за негативниот ефект на тутунот.

Податоците говорат дека пушењето е убиец на речиси 6 милиони луѓе годишно. Од нив, 600.000 се непушачи кои умираат како резултат на пасивното пушење. Доколку ситуацијата не се промени, до 2030 година бројот на починати лица ќе се зголеми до 8 милиони годишно. Приближно еден човек умира на секои 6 секунди како последица на пушењето.

Пушењето е главниот виновник за смртта на 100 милиони лица во 20. век, а ако овој тренд продолжи, таа бројка може да се искачи до 1 милијарда во 21. век.

Застрашувачки е податокот дека во Македонија, околу 50% од лицата над 15 години се редовни пушачи. Се проценува дека секој од нив пуши по 2310 цигари или 115,5 кутии годишно.

Мотото на СЗО оваа година е забрана на рекламирањето, промовирањето и спонзорирањето на цигарите.

Ако спаѓате во категоријата пушачи, изгасете ја последната цигара и еднаш засекогаш ослободете се од овој порок.

Како да се откажете од пушењето?

Откажете ги цигарите без да се здебелите

15 тактики за да ја надитрите желбата за цигара

Пушење

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.