Многу невести низ светот сонуваат за бајковита венчавка и понекогаш се инспирираат од незаборавните цртани филмови на Дизни. Трејси Хајнс е 29-годишна пејачка и дизајнерка која го обожава дизниевиот хит „Малата сирена“, а особено изгледот на Ариел. Фотографиите од нејзината лажна свадбена прослава во Дизни стил станаа вирален хит.
За фотосесијата, Трејси влегува во улогата на Ариел, додека моделот Лео Камачо е принцот Ерик. Секој детаљ од венчавката од фантазиите асоцира на популарниот цртан филм со омилената сирена.



















