Почетна » Новости » Занимливости » „Само уште еднаш“: Емотивен текст на мајка на две дечиња

„Само уште еднаш“: Емотивен текст на мајка на две дечиња

Децата растат со вртоглава брзина. Текстот на Кејси Хилт ќе допре до родителите на мали деца, но и ќе побуди носталгија кај оние кои веќе го имаат изминато тој пат.

Деца

Седиме со прекрстени нозе на подот, играјќи ја Candyland по трет пат. Двајцата викаат: „Те молам мамо, само уште еднаш!“

Боиме со нивните мрсни боици. Неговите се внимателно наредени во кутијата за моливи, организирани под конец, додека нејзините се расфрлани и искршени на половинки. Песната завршува и јас се враќам кај даската за сечкање, додека не слушнам: „Мамо, само уште една песна!“

Време е за бањање и децата се цели со сапуница. Им правам бради од меурчиња и тие се кикотат и смеат гласно. Време е за излезат, но слушам: „Те молам мамо, само уште еднаш!“

Ја прочитавме истата приказна по петти пат. Таа се погледнува нагоре слатко и вели: „Те молам мамо, само уште еднаш?“

Играме надвор на сонце, нивните мали рачиња и нозе се лепливи од сонцето. Ги туркам на лулашките, „Те молам мамо, само уште еднаш!“

Време е за час по пливање, а тој се плаши да влезе во „големиот“ базен. Му кажувам што ќе прават, му велам да не се плаши и дека ќе бидам присутна цело време. Тој се погледнува во мене нервозно и вели: „Мамо, повтори ми уште еднаш...“

Подготвена сум да излеземе од дома, имам обврски и предолга листа со задачи. Ги бакнувам децата за збогум и малото вика: „Чекај мамо! Само уште еден бакнеж!“

Помалото се учи како да го напише своето име на училиште. Понекогаш не се сеќава која буква доаѓа следна во нејзиното име и често слушам: „Мамо, уште еднаш, која буква доаѓа следна?“

Секогаш ќе има алишта за диплење и чинии за миење. Сметки за плаќање и проекти за планирање. Но, еден од следните пати кога ќе побараат „само уште еднаш“, ќе биде за последен пат.

Ќе биде последен пат кога ќе побараат да играат со мене во кујната или да им прочитам приказна пред спиење.

Ќе биде последен пат кога ќе им треба помош при бањањето или последен пат да сакаат да го пробам „сладоледот“ кој го направија во песокот.

Ќе биде последен пат кога ќе побараат да ги кренам и да им подарам уште еден бакнеж пред да излезам од дома.

Ќе биде последен пат кога нивната мала рака ќе посегне по мојата за ги водам додека ја преминуваме улицата.

Ќе биде последен пат кога ќе скокнат во мојот скут и ќе ги обвијат рацете околу мојот врат за да ме стегнат до болка.

Знам дека тој ден ќе дојде, само што не знам кога. Она што го знам е дека нема да бидам подготвена за него кога ќе пристигне.

Но, со секој последен пат со моите деца ќе се потсетувам дека ќе има многу први пати.

Првиот пат кога ќе возат велосипед без помошни тркала.

Првиот пат кога ќе дадат гол на фудбалски натпревар или првиот пат кога ќе учествуваат во школска приредба.

Првиот пат кога ќе побараат совет од мене за нивен проблем или првиот пат кога ќе ми кажат за „симпатија“ на училиште.

Па, гледате, по секој последен пат, следува прв пат.

Во меѓувреме, ќе дадам сè од себе за да го ценам секое „уште еднаш“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.