Почетна » Новости » Занимливости » „Сакајте си го телото по породувањето“: Жени го слават реалниот изглед на телото на мајките

„Сакајте си го телото по породувањето“: Жени го слават реалниот изглед на телото на мајките

Секојдневно сме преплавени со фотографии од модели и жени кои за рекордно време успеале да се вратат во форма по породувањето. Многу нови мајки чувствуваат притисок брзо да си го вратат телото кое го имале пред забременувањето и се чувствуваат ужасно доколку не успеат во својата намера.

Фотографката Микаела Бодкин има друга цел – да покаже како реално изгледа телото на мајките по породувањето и да ги охрабри жените да се сакаат себеси онакви какви што се. Нејзиниот фотосеријал „Love Your Postpartum“ прикажува мајки, кои гордо и без фотошоп го покажуваат телото кое ги создало нивните деца за да инспирираат и други мајки.

Мајка Мајка Мајка Мајка

Бодкин била поттикната да го сними серијалот откако една мајка ѝ рекла дека сака да сними фотосесија за да прослави за новото тело по породувањето. Преку оглас на Facebook кој станал вирален хит, таа ги пронашла и другите учеснички во проектот.

„Сакам да ги охрабрам мајките да си го сакаат своето тело по породувањето“ – вели Микаела.

„Целата моја работа се врти околу тоа да се сакаш себеси и да се чувствуваш убава. Раѓањето бебе е голем животен чекор, проследен со многу промени. Сакам мајките никогаш да не се чувствуваат како нивното тело да не е толку убаво како што било некогаш. Сакам мајките да ги прегрнат промените низ кои минува нивното тело за да ги донесе на свет нивните бебиња“ – додава таа.

Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка Мајка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.