Почетна » Новости » Занимливости » Сакате да имате воспитани деца? 13 совети кои навистина им помагаат на родителите

Сакате да имате воспитани деца? 13 совети кои навистина им помагаат на родителите

Секој добар родител посакува и дава сè од себе да има пристојни деца со добри манири.

Лорен Тем, креаторка на блогот „The Military Wife and Mom“, им помага на родителите да ги воспитаат своите деца од мали нозе преку воспоставување на добри навики. Ова е нејзината популарна листа со совети: Дете

Граници, рутини и легнување рано: 13 навики кои им требаат на децата за да прераснат во зрели личности

Промената започнува со еден родител и едно дете. Имате прекрасна можност да изградите основа која очајно му е потребна на вашето дете и по која копнее.

Основата за нешта како дарежливост, одговорност, почит, љубезност, добрина, помагање и работна етика се поставува во најраните години.

Еве го тешкиот дел:

Промената започнува од нас – родителите. Децата не се доволно зрели да сфатат како да прекинат одреден начин на однесување, а не пак да преземат нешто. Па, бидејќи сме им родители, мора да започне од нас. Основата за добро воспитано дете секогаш започнува од нас.

Еве 13 едноставни начини кои помагаат да израснете пристојно дете:

  1. Ограничувања. Едноставно, е зарем не? Но... тешко е да им поставиш граници на децата и да се придржуваш кон нив. Ова особено важи кога децата реагираат лошо, врескаат без престан и се закануваат со „Те мразам“. Запомнете дека кога децата се однесуваат вака, тие само ги задоволуваат сопствените потреби на единствениот начин што го знаат. Во зависност од ограничувањето, може да помине долго време пред детето да го прифати.

Кога децата ќе се помират и ќе врескаат сè помалку, значи дека преминале кон прифаќање на ограничувањето. Ако вашето ограничување е како ѕид (а не како врата која збунувачки се отвора и затвора одвреме-навреме), вашето дете ќе се одбива од неа додека не пронајде алтернативен начин за да ја задоволи својата потреба.

Светот е хаотично место. Ограничувањата му помагаат на детето не само да биде приземно, туку и правилно да се развива. Преиспитајте се и размислете кои се вашите вистински ограничувања. Потоа запомнете дека тие се цврсти ѕидови, а не врати.

  1. Рутини. Многу работи од детството се нови и се предизвик за децата. Да научат самоконтрола и емпатија, да научат како да бидат нечиј пријател и да комуницираат со другите – сите овие работи се ГОЛЕМИ за децата. Користењето на картички со рутини, на кои се насликани и напишани дневните обврски, може да им помогне на децата да бидат порелаксирани. Дури и на најбезгрижното дете би му било полесно доколку знае што да очекува наутро, попладне и навечер.
  2. Дете

Имате своеглаво дете? Уште подобро. Рутините им помагаат на децата да чувствуваат дека имаат контрола, нешто што е многу важно кај децата со силна волја.

  1. Рано легнување. Спиењето е темелот за здрав развој на мозокот. Тоа ни помага да ги обработиме настаните што ни се случиле во текот на денот и да учиме од нив. Мозокот на децата постојано се развива и создава врски меѓу невроните. Децата недискутабилно мора да спијат за да ги негуваат овие врски.

Поради многубројните активности, училиштето и технологијата, децата си легнуваат многу доцна. Едно од најосновните нешта што можете да ги направите за однесувањето и здравјето на вашето дете е да му помогнете да го добие сонот што му е потребен.

  1. Емпатија. Што најмногу им треба на децата за да бидат среќни и успешни? Одговорот ќе изненади многумина: Емпатија. Тоа е способност да „се ставаме на нечие место“. Ново истражување покажа дека по емпатијата најмногу може да се предвиди успехот и среќата на децата.

Иако децата се грижливи по природа, тие не се раѓаат сочувствителни. Тоа е особина која се стекнува.

„Емпатијата ги поттикнува добрината, комуникативноста и моралната одговорност и е ефективен противотров за тортурата, агресијата, предрасудите и расизмот“– Д-р Мишел Борба, психолог и експерт за родителство.

  1. Прегратки. Постои изрека од Вирџинија Сатир, почитуван семеен терапевт: „Ни требаат четири прегратки дневно за да преживееме, осум за да се одржиме на истото ниво, а дванаесет за да растеме.“

„Гушкањето го поттикнува лачењето на окситоцин, познат како хормон на љубовта. Овој благопријатен хормон има многу важни ефекти врз нашето тело. Еден од нив е стимулирање на растот.“

„Истражувањата покажуваат дека гушкањето инстантно го покачува нивото на окситоцин. Кога окситоцинот е покачен, се зголемуваат и неколку фактори за раст. Нежниот допир на прегратката може да го поттикне растењето на детето“ – Памела Ли.

  1. Игриви родители. Децата не велат „Имав тежок ден... Може ли да разговараме?“. Тие велат: „Ќе си поиграш со мене?“ – Лоренс Коен.

Повеќе не си одделуваме доволно време за забава и игри. Деновите ни се преполни со стрес, обврски и напорна работа, и неосетно, се оддалечуваме од нашите деца. Играта им е работа на децата и за да се поврземе со нив, мора да играме со нив.

Мораме да резервираме време без телефони и да сфатиме дека треба да играме со нашите деца. Звучи смешно, но сите видеа или рецепти што ги гледаме на интернет, ќе бидат таму и по неколку години, а нашите деца нема да бидат деца.

  1. Време поминато надвор. „Движењето преку активна слободна игра, особено надвор, подобрува сè кај децата од креативност и академски успех до емоционална стабилност. Децата на кои не им е овозможено тоа може да имаат многу проблеми, од проблеми со регулирањето на чувствата, до проблеми при држењето молив или корисење на преголема сила при допир со другите деца“ – Мерил Дејвидс Ланду, автор на „Enlightened Parenting“.
  2. Домашни обврски. „Иако е тешко да инсистирате децата да извршуваат домашни обврски, тие имаат корист од тоа искуство.“

„Истражувањата покажуваат дека децата кои извршуваат домашни обврски имаат поголема самодоверба, се поодговорни и подобро се справуваат со фрустрациите и одложеното задоволство, нешта кои придонесуваат за поголем успех на училиште.“

„Дополнително, истражување од Марти Росман покажало дека вклучувањето на децата во домашните обврски на рана возраст може да има позитивно влијание понатаму до животот. Всушност најдобриот индикатор дали детето ќе биде успешно во своите 20-ти години е неговата вклученост во домашните обврски на 3 или 4-годишна возраст.“ Центар за едукација на родители „Deb Cohen“.

Дете
  1. Поголемо ограничување на времето пред екраните. „За да се развие правилно мрежата од неврони во мозокот во клучниот период, детето има потреба од специфични стимули од надворешната околина. Тоа се правила кои се развивале низ вековите на човечката еволуција, но овие есенцијални стимули не можат да се најдат на таблетите. Кога мало дете минува многу време пред екран, а не добива доволно потребни стимули од вистинскиот свет, неговиот развој заостанува“ – д-р Лираз Маргалит, „Behind Online Behavior“.
  2. Искуства, а не предмети. „На децата им се потребни помалку предмети и многу повеќе значајни искуства. Кога ќе пораснат, тие нема да се сеќаваат на предметите, туку ќе го паметат моментот кога се обидувавте да фатите полноглавци во езерото или на замокот што заедно го направивте, а беше срушен од бран на плажа... Најдобрите искуства во животот чинат многу малку или ич, како пикник во паркот, дување балони во дворот, цртање со креди на улица или подавање со фудбалска топка, но сите тие имаат едно нешто заедничко: ГИ ПРАВИТЕ ЗАЕДНО. Она што им е потребно на децата е квалитетно време со нивните родители“ – Сели Вајт, автор.
  3. Бавни денови. „Ги охрабрувам родителите да одделат време за да ги гледаат нивните деца, без разлика дали играат, пишуваат домашно или јадат. Одделете си време за да ги впиете. Потсетете се и запомнете колку извонредни се вашите деца. Таа пауза, колку и да е кратка, може да предизвика промена во вашето темпо на живеење.“ Џон Дафи, клинички психолог.
  4. Читајте им книги. „Едно од најважните нешта што може да ги направат родителите за децата, покрај здравјето и безбедноста, е да им читаат. Тоа значи да започнете уште откако ќе се родат и не можат да зборуваат и да продолжите и низ годините кога ќе можат сами да си читаат. Истражувања по истражувања покажуваат дека читањето им помага на децата да научат да зборуваат, да комуницираат и да се поврзуваат со родителите и да научат да читаат самите. Читањето заедно со деца кои веќе знаат да читаат им помага на најмалите да се поврзат со родителите, да го разберат светот околу себе и да бидат сочувствителни граѓани на светот.“ – Ејми Џојс, авторка.
  5. Дете
  6. Музика. „Науката покажала дека кога децата учат да свират, нивниот мозок започнува да слуша и да процесира звуци кои претходно не можел да ги слушне. Ова помага да се развие невропсихолошка дистинкција меѓу одредени звуци, што може да помогне во описменувањето и оттаму и да придонесе за подобрување на академските резултати кај децата.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.