Почетна » Новости » Занимливости » Ружица Митровиќ: „Душата оздравува кога сте со деца“

Ружица Митровиќ: „Душата оздравува кога сте со деца“

Децата се нашето најголемо богатство, а кога не се со нас, најважно нешто е да знаеме кој е со нив. Воспитувачките и негувателките поминуваат голем дел од денот со нашите деца и се важни личности во моделирањето и подготовките за животот што допрва ги чека. Воспитувачката Ружица Митровиќ од детската градинка „Наум Наумовски Борче“ во општина Центар, идентификувана од Септолете Тотал како поединец што ја користи моќта на своето грло за позитивни цели ни открива неколку совети, но и занимливости од нејзината професија - воспитувачка во градинка.

Ружица Митровиќ

Како се одлучивте за оваа професија?

Сеќавањата на моето детство се поврзани со мојата осум години помала сестра и негата и грижата за нејзе, речиси се додека не пораснавме. Таа доверба родителите да ми ја препуштат на одговорност ми даваше повратна информација дека правам нешто добро. Го знаете ли она мало место каде што се чувствувате сигурно? Каде што сте „свој на своето“? Токму така се чувствувам јас кога сум со деца. Кога подобро ќе размислам, јас никогаш не одлучив да ја работам оваа работа, само продолжив да бидам она што сум со привилегијата постојано да растам во љубовта. Кога одам на работа, не размислувам дека е тоа само уште еден ден што морам да го одработам, бидејќи на работа одам со голема радост, одам да го работам она во што уживам и што го сакам.

Веројатно секој ден е различен, но опишете ни барем делумно еден ваш работен ден?

Секако дека постои структура на времето, дневен ритам прилагоден на потребите и интересите на децата и секако реализација на предвидената програма. По утринското собирање во занимална, појадуваме. Следи реализација на планот, но и спонтани активности и игри, обрнувајќи внимание на психофизичките можности на децата на одредена возраст. Децата сами одбираат што ќе прават од понудените активности. Околу 10 часот веќе сме подготвени да се прошетаме, конкретно во овој период од годината бараме кокичиња и учиме за природата. За ручекот се грижат дежурните деца што делат прибор за јадење. По ручекот мијат рачиња и облекуваат пижамчиња. Спијат речиси сите дечиња се до отприлика 14 часот, кога следи ужинка и продолжување на активностите се до пристигнување на родителите.

Неодамна го добивте признанието од Септолете Тотал како воспитувачка што најмногу ја користи моќта на своето грло за позитивни цели, за активно следење на потребите на децата, поттикнување и развивање на индивидуални вештини и таленти кај децата и воспитувачка што негува исклучителна комуникација и соработка со родителите. Како успевате да сте секогаш мотивирани за оваа одговорна работа?

Децата приметуваат сè и не дозволуваат да имате лош ден. Тие ве гушкаат и ве бакнуваат и нема ниту да приметите кога насмевката ви се вратила на лице. Засекогаш ќе останам нивен должник бидејќи никогаш нема да можам соодветно да им возвратам и да им објаснам колку е волшебна нивната љубов.

Ружица Митровиќ

Имате ли некој посебен момент во работата со децата што имал силно влијание врз вас?

Посебно важен ми е еден момент кога во зборовите на едно девојче се препознав себеси. Во тек на една имагинативна игра, девојчето гушкаше кукла и ѝ зборуваше: Љубов моја, убавице моја, немој да плачеш, тука сум“... „Љубов моја“ зборови што секојдневно ги користам обраќајќи им се.

Дури тогаш сфатив колку е важно да се освестам во врска со моето однесување. Бидејќи децата учат копирајќи ги возрасните, а ние сме нивен модел. Она што децата го гледаат и го слушаат го преработуваат во својата игра и на тој начин учат како да го разберат светот што ги опкружува. Најдобар начин да сфатите дали добро ја работите својата работа е да ги погледнете децата. Тие се нашите огледала.

Ружица Митровиќ

Како ја користите моќта на своето грло и што би им препорачале на родителите, на што е потребно да обрнат внимание, како да го подготват детето, а како себеси за тргнување во градинка?

Важен е позитивниот став на родителите и подготовките дома. Во деновите пред поаѓањето во градинка, нека го прошетаат го детето до дворот од градинката, набљудувајќи ги децата како си играат во дворот. Нека му појаснат на своето малечко каде и како ќе ги поминува деновите. Нека му ја понесат омилената играчка што ќе му пружи чувство на сигурност и на утеха. Но најважно од сè е да ни веруваат нам, на воспитувачките и на негувателките и да ги почитуваат и применуваат нашите совети, бидејќи нашата соработка е најважна за благосостојбата на детето. И колку и да се чини стресно и тешко, на крај сè завршува во најдобар ред.

Според вас која е предноста на градинката?

Социјализацијата, севкупниот развој на детето со реализација на физички, музички, ликовни, драмски, предматематички и предчитачки активности. И таа незаборавна дружба, смеење и уживање со врсниците.

Септолете Тотал досега има идентификувано многу поединци што развиваат капацитети и ги јакнат позитивните влијанија врз останатите поединци во нивното опкружување. Вашето опкружување е свет полн со весели бои, радост и среќа. Како е да се биде дел од тоа?

Најлесно ми е да го цитирам Достоевски за да ви доловам што чувствувам: „Душата оздравува кога сте со деца“.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26280 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.