Почетна » Новости » Занимливости » Роналдо, Аријана Гранде, Били Ајлиш... Еве кои се најлајкуваните Instagram фотографии за 2021

Роналдо, Аријана Гранде, Били Ајлиш... Еве кои се најлајкуваните Instagram фотографии за 2021

Што им се допадна најмногу на Instagram корисниците во 2021?

Популарната платформа за споделување фотографии и видеа сподели кои објави се со најмногу лајкови во годината што изминува.

Кристијано Роналдо

Фотографијата со која Роналдо и Џорџина соопштија дека очекуваат близначиња е на самиот врв со над 32 милиони лајкови.

Аријана Гранде

Свадбените фотографии на популарната пејачка имаат над 26,5 милиони лајкови.

Кајли Џенер

Видеото со кое Кајли објави дека е бремена со второто дете има над 24 милиони лајкови.

Били Ајлиш

Фотографијата со која Били им соопшти на фановите дека има нов имиџ, т.е. дека стана русокоса, има над 23 милиони лајкови.

Лео Меси

Првиот пост на Меси по потпишувањето со Пари Сен Жермен достигна до 22 милиони лајкови.

Били Ајлиш

Провокативната фотосесија за „Вог“ ѝ донесе на Били уште едно место во Топ 10. Фотографијата од едиторијалот има над 22 милиони лајкови.

Лео Меси

Меси со трофејот на Копа Америка има 22 милиони лајкови.

Лео Меси

И повторно Меси, овој пат со пост од прес-конференцијата за заминувањето од Барселона.

Сирена

Кратко видео во кое сирена изненадува девојче има над 20 милиони лајкови.

Том Холанд

Објавата со која Том ѝ честита роденден на Зендаја ја заокружува листата со 19,6 милиони лајкови.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12025 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.