Почетна » Новости » Занимливости » Романтично свадбено видео на Бледско Езеро

Романтично свадбено видео на Бледско Езеро

Свадбеното видео на Маја Едлбахер и Марко Еберт од Словенија на совршен начин ја доловува нивната љубов во најзначајните моменти од денот кога се заколнаа на вечна љубов.

Снимено на прекрасното ледничко езеро во Блед, Словенија, романтичното видео е неоспорлив доказ за искрената љубов на среќните младенци, кои го прославија стапувањето во брак заедно со 40 најблиски гости. Љубовната песна „Caruso“ одлично го надополнува раскажувањето на љубовната приказна на Маја и Марко.

Видеото е најновиот свадбен филм од македонските професионалци од Зага Продукција.

Зага Продукција е креативна компанија која цели да го збогати најубавиот ден од животот на своите клиенти со прекрасни визуелни спомени. Во десетгодишното постоење, Зага Продукција ги овековечила драгоцените свадбени моменти на многу младенци од Македонија и пошироко. Пред две години во рацете на тимот е врачена наградата Најдобра љубовна приказна во Европа за 2011 година и тоа за видео снимено во близина на Скопје.

Видеата и фотографиите на Зага Продукција се гледани насекаде во светот. Сопствениците Бојан и Далибор Митковски неодамна одржаа предавање за свадбената кинематографија во Бугарија пред околу 200 кинематографи од целиот свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.