Артистка од Кореа создава романтични илустрации кои допираат до сечие срце. Со своите дела таа покажува дека љубовта се крие токму во малите нешта.
Преку цртежите, на кои е прикажан заљубен пар, артистката Puuung покажува дека едноставните гестови и среќните и тажни моменти минати заедно се тоа што ја гради врската и ја прави нераскинлива.
Романтична ноќ под ѕвезденото небо, слаткото држење за раце, мали изненадувања, заспивање во скутот на саканата личност, бакнеж за збогум, радување на снегот, релаксиран пикник на ливада... Погледнете ги цртежите кои ќе ве потсетат дека љубовта е прекрасна:
Со едноставен гест можеш да направиш една личност да се чувствува како да е најсреќната личност на светот.