Почетна » Новости » Занимливости » Романтичен гест: Заљубен маж ја декорирал спалната соба со 7.000 рачно напишани пораки за сопругата

Романтичен гест: Заљубен маж ја декорирал спалната соба со 7.000 рачно напишани пораки за сопругата

За најубавите романтични изненадувања не се потребни многу пари, најважна е креативноста. Маж ја изненадил сопругата за Св. Валентин со декорација на спалната соба.

Џејсон Бринли ја преобразил собата со помош на post-it пораки. На розовите ливчиња биле испишани причини зошто тој ја сака својата избраничка Џенифер, како и спомени од нивниот заеднички живот.

Изненадување за Св. Валентин

Некои од пораките:

„Те сакам затоа што ги ставаш животните пред луѓето.“

„Те сакам затоа што ме познаваш толку добро што не можеме да играме покер, бидејќи знаеш кога блефирам.“

„Те сакам затоа што пееш додека готвиш и кога нема никој околу тебе.“

„Те сакам затоа што не се сфаќаш себеси премногу сериозно.“

Гестот на Џејсон беше награден онлајн со многу пофалби.

Изненадување за Св. Валентин Изненадување за Св. Валентин Изненадување за Св. Валентин Изненадување за Св. Валентин Изненадување за Св. Валентин Изненадување за Св. Валентин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.