Почетна » Новости » Занимливости » Рибар спаси 121 фамилија во поплавите во Бразил, работеше 37 часа без престан

Рибар спаси 121 фамилија во поплавите во Бразил, работеше 37 часа без престан

Рибар им помогна на лица од 121 фамилија да се спасат за време на поплавите во градот Итабуна во Бразил.

Користејќи го единственото нешто што му остана, неговиот сплав, Жан со помош на неговиот брат несебично веслаше 37 часа без престан за да ги одведе жителите на сигурно место.

Жан Жан

Откако се прослави како херој во најтешката катастрофа во историјата на земјата, во која 20 лица го изгубија животот, за Жан беше организирана акција за собирање средства со цел да му се купи нов дом.

„(Бразил) Рибарот Жан и неговиот брат го помина Бадник во Итабуна, Баија, користејќи го единственото нешто што им остана – сплавот – за да спасат 121 фамилија. Херојот, кој го изгуби својот дом во поплавите, работеше нонстоп цели 37 часа движејќи се низ водата длабока 3 метри за да помогне на колку што е можно повеќе луѓе. Беа собрани средства за да му се купи нов дом. Жан е добра вест во Бразил“ – пишува во објавата за Жан.

Жан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11072 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.