Почетна » Новости » Занимливости » Рециклираме и се маскираме за денот на шегата и смеата

Рециклираме и се маскираме за денот на шегата и смеата

Трговскиот центар Рамстор во соработка со Пакомак и Шпаркасе банка , по петти пат ќе го организира најголемиот еко маскембал во земјата.

На најзабавниот маскембал право на учество имаат сите деца од 3 до 14 години кои ќе изработат маска од материјали кои се рециклираат како што се: хартија, пластика и најлон, а истата треба да ги исполнува следните услови: Да биде едукативна, забавна и инвентивна.

Еко маскенбал

За најуспешните маски и оваа година организаторите обезбедија вредни подароци: велосипед, ролерки и Virtual Reality 3D Glasses, а подарок ќе добијат и најдобрата групна маска и најмалиот учесник на маскембалот.

Пријавувањето на најинтересниот еко макембал ќе се врши до 31.03.2017 на инфо пултот во трговскиот центар, а главниот настан со дефилето на маските ќе се одржи на 1 април со почеток во 11 часот во холот на трговскиот центар Рамстор.

Организаторите на настанот очекуваат на денот на шегата и смеата трговскиот центар во целост да биде исполнет со насмеани детски лица кои гордо ќе ги претстават своите креативни маски.

Трговскиот центар Рамстор преку оваа активност која преминува во традиција уште еднаш ја покажува својата општествено одговорна страна преку грижата за животната средина и еко концептот за организација на маскембалот.

Дали сте подготвени за најзабавниот маскембал во градот?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10368 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.