Почетна » Новости » Занимливости » Рамстор: Рециклираме и се маскираме за денот на шегата и смеата

Рамстор: Рециклираме и се маскираме за денот на шегата и смеата

Трговскиот центар Рамстор во соработка со Пакомак и Шпаркасе банка, пошести пат ќе го организира најголемиот еко маскенбал во земјата. На најзабавниот маскенбал право на учество имаат сите деца од 3 до 14 години кои ќе изработат маска од материјали кои се рециклираат како што се: хартија, пластика и најлон, а истата треба да ги исполнува следните услови: Да биде едукативна, забавна и инвентивна.

Маскенбал

За најуспешните маски и оваа година организаторите обезбедија вредни подароци: велосипед, ролерки и тротинет, а подарок ќе добијат и најдобрата групна маска и најмалиот учесник на маскенбалот.

Пријавувањето на најинтересниот еко маскенбал ќе се врши до 31.03.2018 на инфо пултот од маректот лоциран во Рамстор мол, а главниот настан со дефилето на маските ќе се одржи на 1 април со почеток во 13 часот на првиот кат во трговскиот центар Рамстор.

Маскенбал Маскенбал Маскенбал

Организаторите на настанот очекуваат на денот на шегата и смеата трговскиот центар во целост да биде исполнет со насмеани детски лица кои гордо ќе ги претстават своите креативни маски. Трговскиот центар Рамстор преку оваа активност која преминува во традиција уште еднаш ја покажува својата општествено одговорна страна преку грижата за животната средина и еко концептот за организација на маскенбалот.

Дали сте подготвени за најзабавниот маскенбал во градот?

Маскенбал

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.