Почетна » Новости » Занимливости » Рамстор Мол ве кани на вториот Гараж сејл во Скопје

Рамстор Мол ве кани на вториот Гараж сејл во Скопје

Започнува најголемата распродажба во градот!

„Правиме чистка вадиме сѐ надвор“ е добро познатиот концепт на Гараж сејл кој минатата година предизвика вистинско шопинг лудило во градот.

Најголемото шопинг лудило во Скопје во организација на Рамстор Мол и оваа година започнува на 20.08 и ќе трае сѐ до 27.08.2014 година.

Љубителите на намалувањата, акциите и распродажбата на претстојниот Гараж Сејл, благодарение на трговскиот центар и брендовите во него, добиваат неверојатна можност своите омилени парчиња облека, накит и обувки да ги набават на екстремно ниски цени со попуст до 85%.

Рамстор Мол Гараж сејл

„Вториот Гараж Сејл очекуваме повторно да ги исполни очекувањата на нашите посетители кои ќе уживаат купувајќи на попуст. Kако и претходната година, правиме вистинска чистка и ги вадиме сите производи кои се на попуст надвор пред продавниците во трговскиот. Нашата цел е да им овозможиме на верните потрошувачи на Рамстор Мол едно поинакво шопинг доживување“, велат претставници од Рамстор.

Покрај големите попусти и распродажбата во продавниците од трговскиот центар, и маркетот кој што е лоциран во самиот трговски центар ќе учествува со разновидни производи по исклучително ниски цени.

Новина во овогодишниот Гараж Сејл е музичкиот дел во кој свој настап на 20.08 во 18 часот ќе има бендот Eye Cue, a на 22.08 во истото време присутните ќе добијат можност да уживаат и во настапот и музиката на Марко и Logout.

Рамстор Мол Ве поканува накратко да избегате од секојдневието и да уживате во едно поинакво шопинг доживување. „Паркирај се“ во Рамстор Мол и уживај во попустите до 85%.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27114 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.