Почетна » Новости » Занимливости » Разгалете ги сетилата со кафе: Денес е Меѓународниот ден на кафето

Разгалете ги сетилата со кафе: Денес е Меѓународниот ден на кафето

Милиони луѓе низ светот негуваат јавна љубовна афера со кафето. Неодоливата арома на топло кафе наутро ги буди нашите сетила и нè уверува дека станување од кревет не било залудно, додека секоја голтка нè исполнува со енергија и желба да го зграпчиме денот.

Независно дали сте вљубени во специфичниот вкус на еспресото, или сте заколнат приврзаник на капучиното, или пак, сте обожаватели на силното турско кафе, денес одбележете го Меѓународниот ден на кафето. Неофицијалниот празник треба да ве потсети да уживате во популарниот пијалак направен од кафеави зрна со силна арома и примамлив вкус.

Кафе Кафе Кафе

Земјите кои го слават Меѓународниот ден на кафето најчесто на оваа дата го потсетуваат населението за долгата историја на пиење кафе и на важноста на чесната, етичка трговија со кафе. Делење на бесплатно кафе на 29 септември е практика на многу брендови.

Кафе Кафе

Денес во никој случај не го прескокнувајте ритуалот на релаксирачко пиење на кафе, а притоа дозволете ѝ на секоја голтка да развиори динамичен танц во вашата уста.

Кафе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.