Почетна » Новости » Занимливости » Психологот Љиљана Јагодиќ: Кога мајките ги врзуваат децата за себе, најчесто одговорни за тоа се татковците

Психологот Љиљана Јагодиќ: Кога мајките ги врзуваат децата за себе, најчесто одговорни за тоа се татковците

Секое дете гради близок и специјален однос со својата мајка, но понекогаш таа блискост ги надминува здравите граници.

Според клиничкиот психолог Љиљана Јагодиќ, мајките кои немаат добар однос со својот сопруг, честопати се обидуваат да ги задоволат своите потреби преку детето, врзувајќи го за себе. Во интервју за српскиот „Доктор Курир“, Јагодиќ порача дека мајките треба да ги задоволуваат сите потреби на децата во првите три години од животот, но дека околу петтата година треба да ја прекинат преголемата блискост со нив.

Љиљана Јагодиќ

„Секој што некогаш ќе побара помош од психолог има некакво лошо искуство со едниот од двата важни родители во животот. Најчесто, тоа е со мајката. Односот меѓу детето и мајката е исклучително важен во првите три години. Какво ќе биде детето зависи од тоа како мајката ги задоволува тие детски потреби во тој најран период“ – вели докторката на почетокот од разговорот.

„Жените се тие кои сега повеќе не се само мајки и сопруги, туку се и деловни жени. Поради тоа немаат толку време да му се посветат на детето, иако ние сме една од државите кои имаат најдолго породилно боледување. Секоја жена има можност во тие година дена да оствари добар однос со детето и да му помогне своите потреби да ги задоволува на најдобар начин“ – вели таа, алудирајќи на законите во Србија.

Како влијае на развојот на децата кога родителите се меѓусебно „поделени“, па мајката има близок однос со едното, а таткото со другото дете?

За здрав развој на личноста, потребен е добар однос со двајцата родители.
Љиљана

- Тоа не е добро. За здрав развој на личноста, потребен е добар однос со двајцата родители. Од нашиот однос со родителот од спротивниот пол подоцна во животот се формираат нашите односи со нашите партнери, додека во односот со родителот од истиот пол се создава одредена идентификација.

Особено често се зборува за блискиот однос меѓу мајките и синовите. Едиповиот комплекс е сериозно пореметување, но изразот „едиповец“ секојдневно се употребува.

Кога мајката има изразено близок однос со синот, најчесто тоа е поради тоа што нема добар однос со партнерот.
Љиљана

- Кога ќе кажеме дека некој е едиповец, најчесто мислиме дека е поврзан со мајката. Кога мајката има изразено близок однос со синот, најчесто тоа е поради тоа што нема добар однос со партнерот. Потребите кои ѝ недостасуваат во односот со мажот, таа ги исполнува преку синот, што не е воопшто добро затоа што таа прво станала сопруга, а потоа мајка. И со тој свој однос што го гради со синот влијае на формирањето на неговите животни убедувања и на тоа каков однос тој во иднина ќе оствари со својата партнерка и децата. Така што – повторно мајките се оние кои се одговорни за појавата на некои такви склоности кај синовите.

- За синот да прерасне во здрава и емотивно стабилна личност, не е добро мајката да се обидува да одржи претерано близок однос. Отприлика на возраст од пет години, таа треба да престане да биде претерано нежна и на убав начин (не преку отфрлање) да се прекине тој премногу близок однос, со цел синот да може да прерасне во здрава машка зрела личност.

- А во тој период кога ќе почне да слабее мајчината улога во животот на синот, се зајакнува татковската. Оваа улога е особено важна во пубертетот (околу 10-12 години), кога синовите се огледуваат на своите татковци. Сепак, добриот однос треба да се гради од почетокот, но тој однос не треба да биде натпреварувачки, туку таткото треба да го пренесе своето знаење на синот.

Кои се последиците од лошиот однос на мајките со ќерките/синовите?

- Една од најлошите последици, без разлика на полот, настапува кога мајката не ги задоволува потребите на детето во најраната возраст. Тогаш децата стануваат емотивно ладни личности. Не умеат да остваруваат емотивна блискост со други луѓе, пријатели, партнери или деца доколку ги имаат. Таквите личности стануваат несигурни, бидејќи од односот со мајката детето се учи на самопочит. Ако мајката не ги задоволува потребите на детето во првиот период, му испраќа порака на детето дека тоа и неговите потреби не се важни и дека тоа не заслужува да биде сакано.

Кога таквите луѓе, кои растат покрај такви мајки, сфаќаат дека имаат проблем?

- Не постои правило, но најчесто тогаш кога самите ќе оформат партнерски односи. Тоа најчесто се луѓе кои бараат секогаш исти партнери, кои не ги почитуваат туку ги повредуваат. Најчесто поради тоа што и самите биле така третирани во детството или го гледале тоа во односот на своите родители.

Како може таткото да влијае ако забележи дека мајката премногу го врзува детето за себе?

Ако таткото во семејството е поврзан со мајката, ако ѝ пружи љубов и внимание, таа ќе се чувствува задоволно во улогата на сопруга и нема да има потреба преку улогата на мајка да го гуши детето и да го презаштитува.
Љиљана

- Така што ќе се преиспита себеси и ќе се обиде да биде добар маж. Ако таткото во семејството е поврзан со мајката, ако ѝ пружи љубов и внимание, таа ќе се чувствува задоволно во улогата на сопруга и нема да има потреба преку улогата на мајка да го гуши детето и да го презаштитува. Тоа е здрава средина во која детето треба да расте.

Зошто некои мајки го третираат детето како божество?

- Или самите тие биле таа пораснати, или во односот со сопругот постои проблем, па не успеале на правилен начин да се остварат во улогата на сопруги, па тогаш се зголемува потребата да се остварат преку улогата на мајки. Тука е и потребата да остварат некои лични, нереализирани амбиции преку детето, што е посебен проблем.

Колку често односот со родителите може да го одведе детето во ќорсокак?

- Често. Родителите се најважните личности во животот. Колку и да се лоши родителите, ако се во прашање здрави личности, а не патологија, тогаш тоа го правеле со најдобри намери. Некогаш поради преголема љубов настануваат конфликти, остануваат рани кои детето можат да го одведат во ќорсокак.

Кажете ни нешто за влијанието на бабите и дедовците на децата?

- Децата од третата година треба да одат во градинка за да се намали преголемото влијание на бабата и дедото. Можеби тие немале време да им се посветат на своите деца додека работеле, па сега тоа го надокнадуваат преку внуците. Родителите најчесто не забележуваат дека децата им стануваат разгалени, па воведуваат систем од казни кога тоа ќе излезе надвор од границите. Тоа не е добро.

- Родителот мора да му се посвети на детето. Да го запознае, следи, разговара. Ако добро го запознаете своето дете и имате искрен однос, нема да имате проблем. Не инсистирајте тоа секогаш да ви се доверува доколку не сака, туку обидете се да го насочите кон некој друг. Ако го притискате, може да го оттурнете од себе.

- Потрудете се да создадете добар однос со партнерот. Бидејќи кога ние си мислиме дека децата не гледаат дека сме несреќни, тие гледаат. И патат. Подобро е да не останувате во лош брак, туку заради детето работете на тоа да бидете самите среќни и задоволни. Без среќен родител, нема среќно дете.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11954 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.