Почетна » Новости » Занимливости » Протеинскиот леб е идеален за сите што сакаат да бидат во добра форма

Протеинскиот леб е идеален за сите што сакаат да бидат во добра форма

Комерцијален текст

Додека уживате во протеинскиот леб од Жито Лукс кој содржи големо количество протеини, грижата за вашата кондиција и физички изглед ќе бидат помали бидејќи тој е ваш добар фитнес пријател

Мирко Петровски

Протеинскиот леб е дел од дневното мени на познатите фитнес тренери и спортисти, но и на луѓето кои секојдневно водат грижа за своето здравје и изглед. Овој леб го карактеризира поразличен состав и структура, а содржи големо количество протеини и многу помалку шеќери. Токму ваквиот состав на протеинскиот леб е тоа што го прави ваш најдобар фитнес пријател.

Трендот на здрави навики полека, но сигурно се всадува и меѓу Македонците, бидејќи без разлика на професијата, луѓето сè повеќе внимаваат како се хранат. Затоа, Жито Лукс своето портфолио на производи го збогати со протеински леб кој има високо количество протеини. Едно парче од протеинскиот леб содржи само 64 калории, па затоа и може да се внесува при секој оброк. Тој има висока енергетска вредност, односно моќ да ве држи сити и енергични подолго време од обичниот, а истовремено има ниска калорична вредност. Протеинскиот леб од Жито Лукс е совршен за спортисти, но и за луѓето кои водат грижа за своето здравје и кои внимаваат на својата исхрана.

Протеините содржани во новиот протеински леб на Жито Лукс потекнуваат од грав што го прават овој леб погоден и за вегани и вегетаријанци. Мирко Петровски, добитник на многу национални и меѓународни награди за бодибилдинг вели дека новиот протеински леб е вистинско освежување во неговата исхрана, една нова, здрава навика, бидејќи конечно може да консумира леб при секој оброк.

Мирко Петровски

„За оние кои се грижат за своето здравје и фигура, храната богата со протеини, а со ниска концентрација на шеќери е задолжителна. Во ваквата исхрана предизвик е да се консумира леб, но за наша среќа протеинскиот леб на Жито Лукс е вистинско решение. Освен богатиот состав кој може да придонесе за здравјето, протеинскиот леб може да им помогне и на оние кои сакаат да изгубат вишок килограми“, истакна Петровски.

Мирко Петровски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11929 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.