Почетна » Новости » Занимливости » Промоција во Скопје на новиот Huawei P9 во соработка со Leica

Промоција во Скопје на новиот Huawei P9 во соработка со Leica

Синоќа во одлична атмосфера во Скај бар, Хотел Русија во присуство на бројни гости како и претставници на Huawei беше промовиран новиот долго очекуван Huawei P9.

Ова е првиот паметен телефон кој соработува со светскиот култен бренд Leica. P9 има двојна камера со што фотографирањето кај паметните телефони од сега оди чекор понапред достигнувајќи ново ниво, и со тоа им овозможува на корисниците да ги доловат и најживописните бои како и впечатливи црно-бели фотографии. Присутните имаа можност да се убедат во неприкосновените перформаси со кои Huawei докажа уште еднаш дека постави нови стандарди во однос на фотографијата кај паметните телефони.

Промоција на Huawei P9 Промоција на Huawei P9 Промоција на Huawei P9

На настанот беше промовирана и ексклузивната ТВ видео најава на новиот спот за Huawei P9 во која глумат Хенри Кавил и Скарлет Јохансон, кои се глобални амбасадори за P серијата на Huawei.

„Ни претставува особено задоволство и чест што за многу кратко време од светската премиера на овој убавец вечерва можеме да го претставиме најновиот модел на Huawei и пред македонската публика. Во соработка со култниот бренд како што е Leica создадовме, можам да констатирам, совршен спој на најновите иновации и извонреден дизајн, при тоа поставувајќи нови стандарди во фотографијата кај паметните телефони со помош на двојната Leica камера, која е лидер во светот на фотографијата повеќе од 100 години", изјави Игор Милановиќ, специјалист за продажба на Хуавеј во Македонија.

„Свесни колку големо значење игра фотографијата во корисничкото искуство на нашите корисници, не се ограничуваме да соработуваме со најдобрите, бидејќи сакавме да овозможиме професионален и високо квалитетен продукт. P9 корисниците сега можат да прават фотографии со неспоредлива јасност, заситеност и автентичност, со мајсторски дизајниран и моќен паметен телефон кој изгледа и се чувствува неверојатно", изјави Игор Милановиќ, специјалист за продажба на Хуавеј во Македонија.

Промоција на Huawei P9 Промоција на Huawei P9

Клучот за суперлативните способности за фотографирање на P9 е дизајнот со двојна камера која целосно ја ослободува моќта на оптичката леќа на Leica, позната по својата прецизност и внимание на детали, и во согласност со најстрогите барања за скрининг квалитет во индустријата. RGB сензорот на двојната камера на P9 е специјализирана за снимање на боја, додека монохроматскиот сензор е извонреден во потенцирањето на деталите кај сликата. Двете задните камери на P9 работат во тандем за да им овозможат на корисниците да се создадат слики со супериорни детали, длабочина и боја. P9 навистина е осетлива при слаба осветленост, бидејќи двојната камера, гарантира повеќе светлина и секој детал може да биде фатен.

Новиот Хуавеј П9 е веќе достапен на македонскиот пазар.

Промоција на Huawei P9

Технички предности-Индустрискиот дизајн на повисоко ниво

P9 е ремек-дело на уметноста на индустриски дизајн, со истиот минималистички пристап како и претходните производи на Huawei признати како предводници на P-серија на премиум смартфоните. Секој P9 уред е совршена конструкција со супериорно 2.5D заоблено стакло и воздухопловна класа на алуминиум, со дијамантска прецизност во создавањето на рабовите со внимателно креирани облини.

Верзијата P9 со 32 GB доаѓа во прекрасна и уникатна метална боја, поставувајќи нови индустриски стандарди во дизајнот, со користење на техники како метално полирање и микронска прецизност што креира проѕирна метална површина.

Моќта и изведбата

Промоција на Huawei P9

P9 е обезбеден со енергија, поврзување и брзина што денешните корисници ја очекуваат од Huawei. Со 5.2-инчен 1080p Full HD дисплеј, P9 е придвижен од страна на новиот Kirin 955 осум јадерен 2.5GHz 64-bit ARM-базиран процесор, за водечки перформанси на мобилниот уред.

Батеријата со 3,000 милиампер часови им нуди на корисниците извонредна подвижност и траење. Со водечките способности на Huawei во индустријата на телекомуникациите, P9 нуди незаменливи нови функции, вклучувајќи вградена виртуелена трипл-антена, наменета за корисници што имаат потреба од стабилна и лесна конекција на мобилна и Wi-Fi мрежа со цел максимално да ја искористат моќта на мобилниот интернет, без разлика каде се наоѓаат.

P9 беспрекорно ја штити приватноста и безбедноста на информациите на корисниците со технологијата на биометриски отпечатоци. Подобрениот сензор за отпечатоци им овозможува на корисниците да ги персонализираат и да ги заштитат нивните уреди, со значително намалување на можноста за измама или случаен пристап до уредот, но исто така на корисниците им обезбедува брз и безбеден пристап до своите паметни телефони.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11485 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.