Почетна » Новости » Занимливости » Промовирани победниците на Coca-Cola фудбалскиот куп 2013

Промовирани победниците на Coca-Cola фудбалскиот куп 2013

Големото фудбалско финале го одбележа крајот на овогодишниот Coca-Cola фудбалски куп организиран од страна на Пивара Скопје АД и Coca-Cola, заедно со организацијата „Отворени забавни фудбалски школи“. Финалните натпревари беа одиграни на стадионот на Работнички во Градски парк пред бројната публика која ги поддржуваше своите фаворити. На финалето му претходеа натпревари одиграни во изминатиот месец, во кои учество земаа повеќе од 1.000 момчиња и девојчиња од 90 основни и средни училишта од 10 општини во Македонија.

Coca-Cola фудбалски куп

Основната цел на проектот е активно вклучување и практикување физички активности од страна на децата преку забава и дружење, како и создавање навики за здрав живот и спортски дух уште од школските денови. Победниците од финалето добија златни медали, но тука победници се сите учесници.

Цено Александровски претставник на меѓународната организација „Отворени забавни фудбалски школи“, партнер во проектот, изјави: „Многу ми е драго што нашиот проект прераснува во традиција. Партнерството меѓу Пивара АД Скопје, Coca-Cola и нашата организација заедно со поддршката од училиштата и општините е вистински пример како заеднички треба да работиме на правилниот развој на децата. Спортските и физичките активности мора да се неизоставен дел од нивниот живот. Децата ги прифатија и со нескриен елан учествуваа во натпреварите кои пред сè беа добра забава и можност за дружење‘‘.

Coca-Cola фудбалски куп

Значењето на проектот го истакна и генералниот директор на Пивара Скопје АД, г-дин Јак Микел: „Создавањето млади генерации свесни за улогата на здравите животни навики е од особено значење за секоја заедница. Проектот покрај промоцијата на спортот и физичката активност, промовира спортски дух, фер плеј и нуди можности за стекнување пријателства, семејно дружење и забава. Многу сме задоволни што втора година по ред ја имаме поддршката на младите кои го прифаќаат нашиот проект и несебично вложуваат енергија и ентузијазам во него. Тоа е нашата потврда дека навистина правиме нешто кое носи придобивки за младите и нивните семејства како и за целата заедница.“

Покрај натпреварите во фудбал, во рамки на Coca-Cola купот беа организирани и многубројни разновидни спортски и забавни игри во кои беа вклучени членовите на семејствата на учесниците на купот, нивните другарчиња и пријатели, со што настанот прерасна во единствено доживување за сите вклучени страни.

Coca-Cola фудбалски куп

„Овој проект уште еднаш ја потврдува мисијата на Coca-Cola за споделување среќа и можности за заеднички моменти низ целиот свет. Заедно со нашите партнери на децата им обезбедуваме одлична основа за развој на љубовта кон спортот, желбата за стекнување нови пријателства и негувањето семејни вредности.‘‘, изјави регионалниот претставник на Coca-Cola, Ѓорѓи Христов.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.