Почетна » Новости » Занимливости » Прогласени победниците на блог натпреварот „Кажи Нешто“

Прогласени победниците на блог натпреварот „Кажи Нешто“

На 10 мај во Младинскиот Културен Центар – Скопје, се одржа завршниот настан од блог натпреварот „Кажи нешто“ во организација на Здружението на граѓани ОХО под покровителство на Фондацијата е-Македонија, наменет за ученици од средните училишта во Република Македонија.

На настанот г-ѓа Радмила Јонческа, директор на Фондацијата е-Македонија ја објави одлуката на петчленото жири во состав: Антонио Николоски – Фондација е-Македонија, Дарко Булдиоски – Newmedia, Дејан Трајкоски – новинар во дневниот весник Вечер, Јасмина А. Чашуле – проектен координатор на Кажи Нешто.

Кажи нешто

Првонаграден е блогот AppLand од гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци, на Митко Ѓорѓиевски, Ѓорѓи Белевски, Крсте Тодоров, Душко Клинчаров и Горан Митров. http://appland.dobridaskalov.edu.mk

Жирито одлучи дека наместо второ и трето место, ќе додели две втори места на Capturingchapters на Милка Манева и Марија Кариланова од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес http://capturingchapters.tumblr.com/ и блогот „Твое време“ на Ивана Карова од гимназијата „Гошо Викентиев" од Кочани. http://tvoevreme.blogspot.com/

На настанот учествуваа преку 200 ученици и наставници од цела Македонија, кои изминативе 5 месеци активно работеа на своите блогови.

Првиот дел од настанот беше исполнет со пет дискусии на тема: Онлајн уметност, Социјални медиуми, Како да преживее вашиот бренд онлајн, Дигитална писменост, Rock n Roll, Blog n Troll.

Во вториот дел, музичката група Пеперминт ги забавуваше сите присутни на платото пред МКЦ.

Кажи нешто

Генералниот впечаток на жирито е дека натпреварот „Кажи нешто“ покажа дека во Македонија постојат многу млади кои имаат желба да се изразат на интернет просторот на различни теми, и да го споделуваат тоа со интернет заедницата.

Натпреварот во блогирање за сите средношколци „Кажи нешто“ почна на 24 декември и траеше до 30 април 2014 година и имаше за цел да ги поттикне младите луѓе во Македонија да ги употребуваат новите информатички технологии на практичен начин и да се изразат креативно преку музика, видео, фотографија или пишување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.