Почетна » Новости » Занимливости » Приказната зад хит фотографијата со девојче кое е насмеано до уши на денот на посвојувањето

Приказната зад хит фотографијата со девојче кое е насмеано до уши на денот на посвојувањето

Фотографијата од малата Вероника, која со широка насмевка позира на денот кога била посвоена, деновиве е хит на интернет. Во описот стои: „Нејзината насмевка кажува сè“.

Фотографијата беше споделена прво на Reddit, а потоа и на страницата на „Love What Matters“ и оттаму како вирус се распространи на социјалните мрежи. На неа, малото девојче држи лист на кој пишува: „Поминав 1.171 ден во згрижувачки семејства, а денес на 8 ноември 2016 година, бев ПОСВОЕНА“.

Вероника

Имено, кога новите родители на тригодишната Вероника, Отум и Метју Скудер, дознале за неа, таа била привремено згрижена во семејство. Но, Вероника не била сама. Со неа било згрижено и нејзиното едногодишно братче Престон и заедно чекале да си најдат свој постојан дом.

Парот веќе имал три ќерки тинејџерки, но сакал да го прошири своето семејство. Бидејќи Отум и Метју не можеле да имаат свои деца поради здравствени причини, тие одлучиле да ги посвојат двете дечиња. „Отсекогаш посакував да можеме да имаме и син. Кога дознав дека на Вероника и нејзиниот брат им треба дом, немаше двоумење во нашето категорично ДА“ – рекла Отум.

Вероника Вероника

Семејството Скудер ги згрижило дечињата во декември минатата година, а шест месеци подоцна ја започнале процедурата за посвојување, која била финализирана овој месец.

Вероника

Најстарата ќерка на Отум, 17-годишната Кајли, била превозбудена и пресреќна за проширувањето на семејството и одлучила да ги сподели фотографиите на Twitter.

„Посвојувањето за нас значи безусловна љубов. Не е важно дека Вероника и Престон не се во крвно сродство со нас, не е важен начинот на кој дојдоа во нашето семејство. Тие се наше семејство и ги сакаме премногу. Нивното посвојување му помогна на моето семејство да научи и да разбере едно ново ниво на љубов“ – рекла Кајли.

Вероника Вероника Вероника Вероника

Семејството сака да им покаже на луѓето дека посвојувањето е нешто прекрасно и да ги охрабри да го следат нивниот пример. „Посвојувањето е прекрасно нешто. Тоа зема делови од различни луѓе и ги спојува во едно семејство со заедничка цел да се поддржуваат и да се сакаат едни со други без разлика на сè“ – вели Отум.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11530 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.