Кој може да им одолее на бебешките фотографии? Доволно е да фрлите еден поглед на малите ангелчиња за да ви се појави нежна насмевка на лицето.
Линет Блеки четири години создава фотографии кои имаат израдувано стотици родители и остануваат како драгоцен, незаменлив спомен. 32-годишната мајка главно е насочена кон фотографирање на новороденчиња. Секоја фотосесија трае два до четири часа, а според Линет, при фотографирањето на бебиња најважно е да се има трпение. Децата растат пребрзо, па идејата е да се улови нивната неповторлива кревкост.
Погледнете ги фотографиите кои имаат релаксирачки ефект.















