Почетна » Новости » Занимливости » Прекрасно: Париз донесе закон со кој ги поттикнува жителите да создаваат урбани градини

Прекрасно: Париз донесе закон со кој ги поттикнува жителите да создаваат урбани градини

Париз набрзо ќе се раззелени, благодарение на новиот закон кој им дозволува на жителите да создадат свои урбани градини.

Парижани не само што ќе имаат право, туку и ќе бидат стимулирани да засадат и одгледуваат сопствена градина на јавно место во градот на светлината. Иницијативата беше поднесена од страна на првата жена градоначалник на Париз, Ан Идалго, како дел од мерката за додавање на 100 хектари зеленило во градот до 2020 година.

Париз Париз Париз

Секој жител може да стане „градинар на париска јавна површина“. Потребно е само да аплицира за тригодишна дозвола. Учесниците можат да го раззеленат градот преку засадување на овошки или зеленчук, создавање живи огради или започнување градина на покрив.

Целта на новиот закон е да се зголеми биолошката разновидност, да се намалат климатските промени, да се подобри квалитетот на воздухот и термичката и акустичната состојба на објектите.

Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз

Ова е само една од мерките за зачувување на животната средина. Во Париз секој месец има ден без автомобили, а Франција неодамна стана првата држава која ја забрани употребата на пластични чаши и прибор за една употреба. Исклучок ќе биде направен само за приборот направен од биоразградлив материјал.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.