Фотографиите на Елена Шумилова зрачат со спокојство, а во фокусот ги поставуваат нејзините мали момчиња и нивната дружба со животни.
Како и секоја мајка, 32-годишната Русинка сакала да направи што повеќе фотографии од своите синови пред тие да пораснат. Минатата година започнала да ја овековечува дружбата на 5-годишниот Јарослав и 2-годишниот Вања со животните на нивната фарма.
„Децата и животните – тие се мојот живот. Јас сум мајка со два сина и многу време поминуваме на фарма, па често ги фотографирам моите момчиња со кучиња, зајаци и патки. Воглавно се инспирирам од желбата да изразам нешто што чувствувам, иако не можам да кажам што точно е тоа сè додека не направам фотографија од нив со животните“ – изјавила Шумилова.
















