Фото-проектот „Многу си убава“ на фотографот Мехмет Генч ќе ве расположи.
Талентираниот Турчин постојано патува низ светот, овековечувајќи ги убавините на различните места низ светот, но неговите нови фотографии се фокусираат на емоциите на луѓето.
Имено, на луѓе кои ги запознава на своите патувања Генч им кажува дека се убави, а потоа ги фотографира нивните реакции. Резултатот е пресладок, затоа што секојпат вклучува нежна насмевка.

















