Почетна » Новости » Занимливости » Пред 3 години се роди првата и единствена женска петорка во САД, еве како изгледаат ПЕТТЕ девојчиња денес

Пред 3 години се роди првата и единствена женска петорка во САД, еве како изгледаат ПЕТТЕ девојчиња денес

Ова е првата и единствена женска петорка во САД. Петте девојчиња се родија пред три години, а еве како изгледаат денес.

Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби

Ева Лејн, Оливија Мери, Хејзел Грејс, Паркер Кејт и Рајли Пејџ се родија на 8 април 2015, со царски рез. Бидејќи биле родени во 28. недела од бременоста, тие ги поминале првите неколку месеци од животот во Одделот за интензивна нега. Нивните родители Адам и Даниел Басби морале да чекаат цела недела за да ги земат првпат во прегратка.

Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби

Адам и Даниел имаат уште една ќерка, 7-годишната Блејк. Бидејќи со години се бореле со неплодност, тие ги добиле двете бремености со помош на инсеминација. Но, во втората бременост никој не можел ни да претпостави дека тие ќе добијат не едно, не две, не три, не четири, туку пет бебиња. Сите женски. Веројатноста тоа да се случи е 1 на 41 милион.

„Го направивме истото нешто што го направивме и за нашата прва ќерка Блејк – инсеминација. Но, тоа резултираше со петорка.“

„Кога ги видов петте бебиња на мониторот, започнав да се тресам и го испуштив кафето“ – раскажал Адам за првиот преглед кога ја доби веста за петте бебиња.

„Полудев, само повторував: Пет? Пет бебиња? Всушност ми беше смешно. Потребни ми беа неколку дена за да се соземам и за да се роди стравот. Но, исто така беше многу неверојатно. Ние сме родители кои две години се обидуваа да го добијат првото дете, а сега одеднаш добивме пет. Само си помислив: Ова е чудо и предизвик, но ние ќе се справиме со него“ – рекла Даниел. Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби

„Прилично е хаотично. Никогаш немам одмор. Дури и кога спијат преку ден, јас морам да започнам да им приготвувам вечера или да им ги исперам алиштата. Тие се насекаде – на каучот, на масите, секаде каде што можат да ги стават нивните мали рачиња и ноџиња“ – изјавил Адам пред две години.

Во текот на бременоста, докторите ја советувале Даниел да абортира три од бебињата за да им даде поголеми шанси за живот на останатите. Таа одбила и ги родила сите бебиња живи, што е навистина ретко. Парот вели дека уште во моментот кога ја дознал веста дека ќе има петорка, се почувствувал благословено.

„Каков благослов е да се видат и слушнат 5 мали срца“ – велат тие.

Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Семејство Басби Петорка Басби Петорка Басби

Откако сите бебиња биле испишани од болница и било јасно дека се во добра здравствена состојба, родителите започнале да го документираат нивното растење на Instagram, а една година по нивното раѓање започнало да се снима реалното шоу OutDaughtered, кое го следи животот на семејството Басби во Тексас.

Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби

Од петте бебиња само две се идентични близначки.

Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби Петорка Басби

Минатиот месец, парот сподели видео од третиот роденден на девојчињата.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9531 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.