Сите родители ќе се согласат дека грижата за второто дете е многу полесна одошто за првото, бидејќи не постои оној страв од непознатото.
Забавни илустрации ја покажуваат таа разлика во однесувањето на мајките и татковците кон првото и второто дете. Со првото, домот мора да биде светнат, бактериите уништени, храната органска, спомените уредно запишани, облеката беспрекорна... Додека за второто, приказната е сосема поинаква.
Погледнете ги илустрациите на Ана Сироваткина кои несомнено ќе ве насмеат, особено ако имате повеќе од едно дете.
Раѓањето на првото дете е страв од непознатото, додека на второто е прифаќање на неизбежното.
Првото дете ти дава бесценето знаење кое го прави растењето на второто многу полесно.
Секој чекор на првото дете е документиран додека создавањето спомени за второто е многу поретко.
Постигнувањата на првото дете привлекуваат многу поголемо внимание.
Купувањето облека за второто дете е сосема различно одошто за првото.
Бактериите се проблем само со првото дете.
Безбедноста е сосема различна приказна...
... Како што се и ризиците.
Воведувањето цврста храна со првото дете е цела наука.
Поимот „валкана облека“ има многу поинакво толкување со второто дете.
Како што растат децата, така расте и безгрижноста на родителите.
Со доаѓањето на второто дете, се менува и животот на првото...
... Како и вашиот.
Уморот, грижите и непреспаните ноќи на сите родители не се ништо во споредба со среќата која им ја носат нивните деца.
