Почетна » Новости » Занимливости » Првиот plus-size хрватски модел зборува со гордост за стриите и целулитот

Првиот plus-size хрватски модел зборува со гордост за стриите и целулитот

Луција Лугомер се прослави како првиот plus-size модел од Хрватска. 23-годишната девојка, која уште од самиот почеток на својата кариера беше решена да ги руши предрасудите за женската убавина, постојано објавува инспиративни пораки на социјалните мрежи.

Во неодамнешна објава, симпатичната Хрватка сподели фотографија на која ги покажува своите стрии, со гордост зборува за „мааните“ и им порачува на сите жени да го сакаат своето тело.

Луција Лугомер

Станав утрово, како по обичај, околу 8 часот... И одам така низ станот, сè уште во полусон, се гледам во огледалото и си мислам во главата: „Па баш добро изгледам.“ Хаха

Ги гледам моите стрии, целулитот, сите мои „маани“ и сфаќам колку сум среќна што ги имам! Што сум „поразлична“!

Не знам колку се гледа под ова светло на фотографијата, но моите стрии достигнуваат до бемката! Да! Моите две зајдисонца како што јас ги нарекувам, и од едната и од другата страна!

Ги имам и по нозете и рацете и градите... колку што ќе посакате. Тие се мои!

Се сеќавам дека како девојче ги гледав и пипкав стриите, не знаев зошто се тие тука. Бев највисока во класот, брзо започнав професионално да се занимавам со спорт, брзо станав жена... Тивка, изгубена, замислена. Денес ова е мојата гордост до солзи радосници!

Сакајте се себеси и своето тело, грижете се за него, зашто тоа ве презентира вас пред непознатите. А кој нè носи нас ако не сопственото тело? Тоа останува засекогаш!

Од што да се срамам? Од самата себе?!! Ако е така, тогаш подобро да не излегувам од станот и да живеам во самотија додека не ме снема. Ма не! Животот е преубав!

И ВИЕ ТРЕБА ДА ГО НАПРАВИТЕ ИСТОТО!

Во минатото Луција се измачувала поради ниска самодоверба и се изгладнувала со екстремни диети. Во еден момент завршила и во болница. Сепак, таа научила како да го прифати своето тело и да стане самоуверена, дури и кога позира по долна облека пред камера. „Ми требаше време за да го прифатам моето тело. Како тинејџерка, бев најразвиена, имаше многу шеги на моја сметка и не ми беше лесно. Мажите ми велеа, ако сега изгледаш вака, како ли ќе изгледаш кога ќе имаш 40 години“ – раскажала таа.

Денес таа чекори низ животот со огромна самодоверба.

Пред два месеци, Луција потпиша договор со „Baker Model Management“, со што стана првата девојка со која соработува агенцијата, а која не е Американка.

Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11211 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.