Денес, светот го изгуби еден од најгенијалните умови. Британскиот физичар и космолог Стивен Хокинг издиша за последен пат на 76-годишна возраст.
Според официјално соопштение, Хокинг починал мирно во неговиот дом во Кембриџ.

„Многу сме тажни што нашиот сакан татко почина денес. Тој беше голем научник и извонреден човек чија работа и наследство ќе живеат уште многу години. Со храброста и истрајноста и со неговата брилијантност и хумор инспирираше луѓе низ целиот свет. Секогаш ќе ни недостасува“ – стои во соопштението на неговите три деца.


На 21 година на Хокинг му беше дијагностицирана Амиотрофична латерална склероза (АЛС) и докторите му прогнозирале уште само две години живот, но тој ги надмина очекувањата и живееше уште 55 години. Поради тоа неретко е нарекуван „чудо на медицината.“
Како последица на болеста, Стивен постепено ја губел контролата над неговите раце, нозе и глас и остана парализиран. Тој се движеше со количка, а зборуваше со помош на синтетизатор на гласот.
Хокинг 30 години беше професор на математичката катедра во универзитетот Кембриџ, превземајќи ја таа функција во 1979 и повлекувајќи се на 1 октомври 2009.

Угледниот физичар се ожени со Џејн Вајлд во 1965 година и заедно имаа три деца. По долги години нестабилен брак, тие официјално се разведоа во 1995 година, а по само неколку месеци, Стивен се ожени со Елејн Мејсон една од медицинските сестри кои се грижеле за него.




Хокинг ја напиша книга „Кратка историја на времето“ објавена во 1988 година, која стана меѓународен бестселер.




Животната приказна на човекот кој е познат по својот придонес во полето на космологијата и квантната гравитација, особено во контекст на црните дупки, беше раскажана на големото платно во филмот „The Theory of Everything“. Еди Редмејн го портретираше Хокинг во филмот, за што доби и Оскар.


Remembering Stephen Hawking, a renowned physicist and ambassador of science. His theories unlocked a universe of possibilities that we & the world are exploring. May you keep flying like superman in microgravity, as you said to astronauts on @Space_Station in 2014 pic.twitter.com/FeR4fd2zZ5
— NASA (@NASA) March 14, 2018