Почетна » Новости » Занимливости » Пораки за да им честитате 8 Март на специјалните дами во вашиот живот

Пораки за да им честитате 8 Март на специјалните дами во вашиот живот

Денес, светот го одбележува Меѓународниот ден на жената.

Посакајте им среќен празник и разубавете им го овој ден на специјалните дами во вашиот живот со некоја од пораките во продолжение:

Денот на жената

Секој дом, секое срце, секое чувство, секој момент на среќа е некомплетен без тебе. Само ти можеш да го комплетираш светот. Среќен Ден на жената!

Биди горда што си жена. Мудра, достоинствена, храбра и силна, а истовремено и нежна, грижлива и внимателна. Остани таква уште долги години. Среќен 8 Март!

Жената црпи сила од проблемите, се насмевнува за време на неволја и станува посилна со молитви и надеж. Испрати го ова на убава жена. Јас штотуку го направив тоа. Ти посакувам среќен Ден на жената!

Преубава жено, прекрасна мајко, верна пријателко... Ти си единствена и неповторлива! Многу сум среќна што те имам во мојот живот. Среќен 8 Март!

Драга мамо, ти благодарам што се трудеше од ден на ден да го правиш нашиот дом што посреќно место за живеење. Среќен Ден на жената!

Таа мечтае, таа верува, таа прави, таа постигнува, а ТАА си „ТИ“.

Без тебе светот ќе биде некомплетен. Без тебе срцето е празно. Дозволи му на светот да процвета со твојата насмевка, на начинот на кој најдобро знаеш! Среќен Ден на жената!

Сè што знам е благодарение на тебе. Ти си мајката која секое дете ја посакува. Со целото мое срце ти посакувам среќен Ден на жената, мамо!

Да наздравиме за жената која никогаш не се откажа и по секој пад се обидуваше да стане уште посилна. Ти ме научи што значат издржливоста и напорната работа. Среќен Ден на жената!

Нејзината способност да слуша,
нејзиното трпение да разбере,
нејзината сила да поддржи,
нејзината емпатија да се грижи
и секогаш да биде тука...
Тоа е убавината на една дама.
Среќен Ден на жената!

Биди горда, прослави со радост и покажи ја твојата сила. Овој ден е твој. Среќен 8 Март!

Твојата љубов е како искра која што го осветлува мојот свет! Најсакана, сакам да ме водиш низ целиот мој живот! Среќен 8 Март!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11331 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.