Според проценките на Обединетите Нации, од денес на планетата живеат 8 милијарди луѓе.
Како симбол беше избрано бебе родено во Манила, Филипини. Новородената Винис Мабансаг сега се смета за 8-милијардитиот човек на светот, а филипинската Комисија за популација и развој објави фотографии од неа и од нејзината мајка.




Потребни беа 12 години за населението да се зголеми за уште една милијарда. Се очекува Индија да го преземе водството по број на население следната година.
Според ОН ова е знак на големо подобрување на јавното здравје, намален ризик од смрт и зголемување на животниот век. Но, исто така ова е знак дека сите имаме заедничка одговорност во заштитата на планетата.
